Давитков: Мораме да се подготвиме подобро за она што ни претстои

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков по вчерашниот пораз од Швајцарија со 85-79 во рамки на првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021 изјави дека тимот имал потешкотии поради новите играчи во ростерот и дека им било тешко да се воиграат како тим.

Македонија и покрај поразот остана првопласирана во групата и обезбеди пласман во втората рунда од претквалификациите, закажана за септември.

- Кошаркарите на Швајцарија одиграа одличен натпревар. Имавме нови играчи во нашиот ростер, па и играта ни беше поинаква, тимот беше поинаков и имавме потешкотии. Не игравме воопшто во првиот период и ни беше многу важно да се вратиме во игра. Напреднавме во втората рунда, но мораме да се подготвиме подобро за она што ни претстои. Таква е кошарката денес, имавме речиси 40 дена вон тренажен процес, па ни беше тешко да се воиграме како тим, изјави селекторот на Македонија по мечот.

Центарот на „жолто-црвените“, Бојан Трајковски изјави дека направиле многу грешки за време на дуелот, но и дека имаат доста работа пред следната фаза натпревари за да ги поправат.

- Честитки до тимот на Швајцарија. Направивме многу грешки, но имавме добри резултати досега во претквалификациите, особено минатата година. Најважно е што се вративме по првиот период. Имаме три-четири месеци за работа пред следната фаза и за да ни се вратат играчи кои беа повредени и отсуствуваа денеска, изјави Трајковски, цитиран од КФМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...