Леброн со прв коментар за Лејкерси по потпишувањето на договорот

Новиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и НБА ѕвезда, Леброн Џејмс го даде својот прв коментар за доаѓањето во тимот на „езерџиите“. Џејмс потпиша четиригодишен договор вреден 153,3 милиони долари со тимот од Л.А. на почетокот од јули.



Поранешниот играч на Мајами и Кливленд е воодушевен од преминот во новиот клуб и можноста да соработува со Меџик Џонсон.

- Имам можност да играм за оваа историска франшиза со голема традиција. Имам можност да соработувам со Меџик Џонсон, човек на кого му се восхитував кога бев помлад, сакав да правам асистенции без да гледам, како што тоа го правеше тој, да имам свој „шоутајм“ како Меџик и сето тоа се спои во овој момент, рече „Кралот“.

Со него во „Стејплс центарот“ дојдоа и неколку други ѕвезди, па целта е да се врати што е можно поскоро шампионскиот трофеј, кој недостига од ерата на Коби Брајант.

- Мислам дека се е во тајмингот. Во моментов сум во оваа позиција, возбудата е голема затоа што треба да бидам „езерџија“. Јас сум среќен за тоа и мислам дека Лејкерси се историска франшиза, тоа сите го знаеме, но и шампионска франшиза, па затоа се обидуваме да ја вратиме каде и е местото. Среќен сум, затоа што сум дел од оваа култура и процесот на враќање на врвот, заклучи Леброн.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...