Шекил О`Нил го најави враќањето на Коби Брајант во Лејкерс

Поранешниот центар на Лос Анџелес Лејкерс, Шекил О'Нил изјави дека неговиот легендарен поранешен соиграч Коби Брајант може да излезе од пензија и да се врати на терените за да ја освои титулата во тандем со Леброн Џејмс, кој ова лето оствaри трансфер во „Стејплс центарот“ од Кливленд Кавалирс.



Новинарите на „TMЗ“ го прашаа Шек дали ќе се врати од пензија за да ја освои титулата во тандем со „Кралот“, на што тој одговори: „Не, јас завршив, но Коби се враќа, колку што слушам. Коби се враќа, а вие сте го слушнале ова прво од мене“.

И покрај тоа што О'Нил го рече тоа во шеговит тон, веста гласно одекна и ја предизвика имагинацијата кај многу фанови на Лејкерс во целиот свет, кои се прашуваат како Леброн и Коби би функционирале во рамките на ист тим.

Брајант, носител на пет НБА прстени, се повлече на крајот на сезоната 2015/16 и досега не покажува знаци за враќање на активното играње кошарка. Можеби Шек знае нешто повеќе, или тоа беше само шега. Како и да е, неговата изјава одекна во целиот свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...