„Дизни Ворлд“ може да биде домаќин на остатокот од сезоната во НБА

Орландо, 30 април 2020 (МИА) – НБА лигата разгледува опција остатокот од сезоната да се доигра во комплексот за забава „Дизни Ворлд“ во близина на Орландо, Флорида.

Според новинарот Шамс Шарани од „Атлетик“, комесарот на НБА, Адам Силвер во средата оствари разговори со генералните менаџери на 30-тина екипи и медицински лица, разговарајќи за различни сценарија за првенството.

Силвер е убеден дека сезоната може да заврши ако вакцината што ја развиле научниците од универзитетот Оксфорд, ги донесе потребните резултати кај луѓето.

Досега, експерименталниот лек ремедивир дал добри резултати на тестовите кај мајмуни и се очекува да започне со тестирање кај луѓето што е можно поскоро.

НБА се надева дека повеќето екипи ќе можат да продолжат со тренинзите по 8 мај, а до крајот на месецот и следниот ќе можат да играат натпревари.

Покрај Дизни, Лас Вегас и Бахамите се меѓу другите опции за кои се дискутира за завршницата на шампионите.

Наспроти зборовите на Силвер, д-р Ентони Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергии и заразни болести во Соединетите држави, во средата изјави дека големите спортски лиги треба да се помират со тоа дека сезоната 2019/20 заврши.

Првенството во НБА лигата беше стопирано на 11 март, откако двајца играчи на Јута беа позитивни на коронавирус. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...