Церемонијата за вклучување на Коби Брајант во „Куќата на славните“ може да се одложи

Лос Анџелес, 26 мај 2020 (МИА) – Генералниот директор на кошаркарската „Куќа на славните“ Џон Делова изјави за „Бостон глобус“ дека церемонијата за влез на Коби Брајант закажана за 29-31 август може да биде одложена поради пандемијата на коронавирус. Одлука за ова прашање се планира да се донесе оваа недела.

Датумот на резервен термин за тридневниот настан е 9-11 октомври. Сепак, Делова не го исклучува преместувањето на церемонијата до следната пролет.

Брајант почина во хеликоптерска несреќа со својата 13-годишна ќерка и седум други лица во јануари годинава. Коби играше во Лос Анџелес Лејкерс 20 години и важи за еден од најдобрите играчи во историјата на НБА.

На 4 април беше објавено дека Брајант ќе биде вклучен во „Куќата на славните“ постхумно и една година пред предвиденото.

Според правилата, кошаркарите ја добиваат оваа чест не порано од пет години по завршувањето на кариерата. Коби ги заврши своите настапи во 2016 година.

Обично, церемонијата се одржува во „Симфониската сала“ во Масачусетс, која има капацитет од 2.611 лица и се наоѓа во Спрингфилд веднаш до „Музејот за кошарка“. Но, сега настанот е решено да се пресели во „Мас центер Спрингфилд“, каде има повеќе можности за физичка дистанца. Сепак, овие мерки можеби не се доволни за безбедно одржување на настанот. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...