Евробаскет: Дамjан Стојановски пред сите!

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Специјализираниот сајт за кошарка „Евробаскет“ ги одбра најдобрите во македонското првенство за изминатата сезона.

Дамјан Стојановски, репрезентативецот на Македонија од редовите на МЗТ Скопје Аеродром е најдобриот кошаркар кој настапува во Првата лига.

Бекот на „штрковите“ е најдобриот домашен и играч на годината во макеоднската Прва лига. Со две номинации е и српскиот интернационалец Ѓорѓе Џелетовиќ. Кошаркарот на Гостивар е избран за центар на годината, како и „Босман“ играч на годината (играчи кои не потекнуваат од САД).

Кошаркарот на Кожув, Еван Пејн е најдобриот на бековската позиција, а Двејн Бенџамин од Работнички, е крило на годината во нашата елитна конкуренција.

Неговиот соиграч од Работнички, Марјан Младеновиќ е најдобриот дефанзивец, а Ѓорѓи Кочов од МЗТ Скопје Аеродром, најдобриот тренер во сезоната.

„Евробаскет“ ја одбра и најдобрата домашна петорка во која се најде место за Марјан Младеновиќ (Работнички), Адем Мекиќ (Пелистер), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје), Марјан Јанески (Куманово) и Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А).

Најдобра странска петорка: Еван Пејн (Кожув), Донован Доналдсон (Гостивар), Хејден Лесколт (Работнички), Двејн Бенџамин (Работнички), Алекс Лонг (Академија ФМП). зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...