Кошаркарите одликувани со „Медал за заслуги за Македонија“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска донесе Указ со кој се одликуваат членовите на Македонската кошаркарска репрезентација со „Медал за заслуги за Македонија“.

Одликувањето е за постигнатите врвни резултати во кошарката на меѓународен план, со што, македонската кошаркарска репрезентација, како што соопшти Кабинетот на Претседателот,  даде исклучителен придонес за развој и популаризација на овој спорт во земјата и афирмација на Република Македонија во светот.

Македонскиот претседател во телефонски разговор со селекторот на кошаркарската репрезентација Марјан Докузовски го известил за Одлуката за доделување орден за заслуги за Македонија на членовите на репрезентацијата. Селекторот Докузовски, како што велат од Кабинетот на претседателот, се заблагодарил на укажаната чест.

Претседателот Иванов оценува дека орденот за кошаркарската репрезентација е заслужен со досегашните игри на првенството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...