понеделник, 06.02.2012

IDIVIDI Мени

Леброн и Коби најдобри во јануари

Двајцата најдобри кошаркари во моментов во НБА лигата, Леброн Џејмс и Коби Брајант се прогласени за играчи на месецот во Источната и Западната конференција. Признанието се однесува за јануари иако тука се сметаат и натпреварите одиграни во декември бидејќи првенството почна пет дена пред крајот на 2011 година.

Изборот на Леброн Џејмс за играч на месецот во Источната конференција е сосема логичен ако се знае дека ѕвездата на Мајами дури трипати од вкупно пет недели беше прогласуван за играч на неделата. Тој го предводеше својот тим до биланс од 16-5, што е најдобар старт на сезоната за Мајами Хит во клупската историја. Во вкупно 20 одиграни натпревари во декември и јануари Леброн просечно постигнуваше по 29,2 поени, 8,3 скока и 7,1 асистенции при што 16 пати беше најдобар стрелец во својот тим, исто толку пати реализираше по 25 или повеќе поени, а во 11 настапи имаше 30 и повеќе поени. На крајот на јануари тој беше втор стрелец во НБА лигата, позиција која ја има и во моментов.

А, на првата со просек од 30 поени по натпревар се наоѓа Коби Брајант, кошаркарот што е избран за играч на месецот во Западната конференција. И тој еднаш досега беше прогласен за играч на неделата, а во јануари го предводеше својот тим до биланс од 13 победи и девет порази. На 1 јануари во дуелот со Денвер, Коби стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој ја достигнал бројката од 28 илјади постигнати поени. Десет дена подоцна на Феникс му даде 48 поени што е рекорд оваа сезона во лигата, на 28 јануари го престигна Џери Вест како клупски рекордер според бројот на погодени слободни фрлања, а ден подоцна во дуелот со Минесота го престигна и Карим-Абдул Џабар исто така како клупски рекордер според бројот на погодени удари од игра. Освен просекот од 30 поени по натпревар, Коби во декември и јануари остваруваше 6,1 скок и 5,4 асистенции.

Другите номинирани за ова признание беа: Џо Џонсон и Џош Смит од Атланта, Дерик Роуз од Чикаго, Кајри Ирвинг од Кливленд, Рој Хиберт и Дени Гренџер од Индијана и Дерон Вилијамс од Њу Џерси за Источната и Шон Мерион од Далас, Кајл Лоури од Хјустон, Марк Гасол од Мемфис, Кевин Дјурент и Расел Вестбрук од Оклахома и Ламаркус Олдриџ од Портланд за Западната конференција.



Наjновo од Спорт
Леброн и Коби најдобри во јануари
Алонсо задоволен од "радикалноста" на Ферари
"Слоновите" го урнаа сонот на домаќините
Конечно, оптимизам во Дукати
Црна мачка на Ноу Камп
Де Роси во Рома до 2017 година
Атлетико и Валенсија одиграа без голови
Победи на Мајами и Бостон  видео
МЗТ Скопје го победи Работнички и е на прво место на табелата
Работнички - МЗТ Скопје на стартот на Суперлигата
Стартните петорки на истокот и западот  фото галерија
Четири екипи со максимален учинок
Пораз на Лос Анџелес Клиперс  видео
Ирвинг и Рубио дебитанти на месецот
Трето коло од кошаркарската Евролига
Пораз на Далас и Мајами
  IDIVIDI Сервиси
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи