Останувам во Олимпијакос

Перо Антиќ останува играч на екипата на Олимпијакос и ќе биде дел од новиот тим на пирејците кој ќе ја брани шампионската титула во Евролигата и во Грција.

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, се согласи на условите кои пред него ги постави раководството на "црвено-белите", по што немало причина за било какви промени

"Пресреќен сум што останувам во Олимпијакос. Имав договор и за следната сезона, но клубот имаше можност истиот да го прекине поради што чекав објаснување од мојот менаџер. Задоволен сум што голем дел од шампионскиот состав од минатата сезона останува во Атина.

Морам да признам дека е одлично чувството повторно да бидам дел од тимот кој го очекува голем предизвик. Затоа останувам во Олимпијакос и ќе дадам се од себе и во следната сезона, ќе го оставам срцето и душата на теренот како што правев и минатата сезона. Олимпијакос е одличен клуб со неверојатна традиција и навистина сум среќен што останувам дел од ова семејство"- вели Антиќ пред да замине на заслужен годишен одмор.

Инаку минатата сезона Антиќ одигра 22 меча во црвено-белиот дрес во грчкото првенство каде дојде до просек од 6.5 поени и 4.6 скокови

Неговиот ефект во Евролигата беше уште подобар, Настапи на 24 средби со просек од 7.4 поени и 4.3 скокови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...