МЗТ Скопје брка втора победа во АБА лигата

Екипата на МЗТ Скопје по триумфот во Загреб против Цибона денес во СЦ „Борис Трајковски“ ќе атакува на втората победа во АБА лигата. На вчерашната прес-конференција тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров повика да не се потпадне под еуфоријата од триумфот во Загреб.

- За денешниот дуел треба да го заборавиме натпреварот со Цибона и еуфоријата мора да спласне. Противникот (Широки) е неатрактивен, но тоа е добра екипа која лани во оваа лига го освои петтото место. Широки ќе дојде растоварен, но големината на екипата е да победи кога мора. Неизвесен е настапот на Тодор Гечевски, кој се повреди (скочен зглоб) во првото полувреме на дуелот со Цибона. Последниот збор дали тој ќе игра ќе го има докторот Слободан Николиќ, рече Тодоров.

Пред новинарите беше претставено и новото засилување Борис Бакиќ, кој ќе треба да помогне на бековските позиции, каде МЗТ Скопје на првиот дуел со Цибона имаше многу грешки (изгубени топки).

- Знам каде дојдов и знам дека МЗТ Скопје е квалитетна екипа од Македонија. За противникот можам да кажам дека е незгоден ривал, но екипа која е послаба од ланската сезона, истакна Бакиќ.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Широки се игра денес со почеток во 20 часот и 15 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...