Официјално Македонија има играч во НБА: Антиќ потпиша за Атланта Хоукс

Вечерва и официјално Македонија го има својот прв кошаркар во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА.

„ The Hawks announced the signing of 6’11″ Republic of Macedonia center Pero Antić Thursday, adding to what is becoming a crowded frontcourt.“ – пишува на официјалниот сајт.

Нашиот капитен Перо Анриќ, за кој објавивме уште вчера дека се наоѓа во САД за да ги договори деталите од договорот со тимот Атланта Хоукс, вечерва го оствари својот сон и потпиша договор со популарните јастреби.

Пред само неколку минути на официјалната страница на Атланта Хоукс излезе соопштението дека Антиќ станува највисокиот играч во нивната екипа и дека ќе игра како резервен центар, или пак како високо крило.

- Перо е сестран висок играч кој ќе ни даде дополнителен квалитет во нашиот рекет. Тој се вклопува одлично во она што ние како организација сакаме да го изградиме тука и возбудени сме што тој од денеска е наш играч - изјави генералниот менаџер на Хоукс, Дени Фери.

Двократниот шампион во Евролигата потпипа договор на 1+1 година со НБА клубот од Атланта, но финансиските детали не се откриени.

Останува само да му честитаме на Перо за тоа што е еден од најголемите амбасадори на нашата држава во светот и да навиваме за Атланта Хоукс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...