Атланта поразена од Њујорк на домашен терен

Екипата на нашиот Перо Антиќ, Атланта го претрпе и четвртиот пораз откако ноќеска пред своите навивачи во „Филипс Арена“ загуби од Њујорк со 95:91 (29:24;26:21; 10:23; 30:23). Антиќ на теренот мина нецели 13 минути (12:55) и постигна 4 поени со 5 скокови и 2 асистенции.

Натпреварот беше решен во последната четвртина која гостите ја добија со 30:23, за разлика од Атланта која во третиот период беше доминантна и успеа да дојде до предност во тој дел од играта.

Најдобри во редовите на победникот беа: Кармело Ентони со 25 поени и Андреа Барњани – 20 поени и 11 скокови, додека кај Атланта – Џеф Тиг со 25 поени и Ал Хорфорд со 23.

Атланта и следниот натпревар го игра на домашен терен со Филаделфија во петок навечер.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Орландо – Милвоки 94:91, Филаделфија – Хјустон 123:117 (продолжение), Бостон – Шарлот 83:89, Мемфис – Торонто 87:103, Минесота – Кливленд 124:95, Сан Антонио – Вашингтон 92:79, Денвер – ЛА Лејкерс 111:99, Јута – Њу Орлеанс 111:105, Портланд – Феникс 90:89, Сакраменто – Бруклин 107:86 и ЛА Клиперс – Оклахома Сити 111:103.

Вечерва се играат само два натпревара: Њујорк – Хјустон и Голден Стејт – Оклахома Сити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...