Шампионот го доби „вечното дерби“

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го победи вечниот ривал Работнички со 76:72 во натпреварот одигран вчера во СЦ „Борис Трајковски“ пред околу 4.500 гледачи. По четвртини 22:14; 19:22; 18:14 и 17:22.

И пред натпреварот МЗТ важеше за голем фаворит, но Работнички покажа дека е достоен противник и дека сезонава има квалитет за висок пласман.

Почетокот им припадна на Аеродромци кој во еден момент од првата четвртина имаа и 14 поени предност, по што следуваше серија на Работнички за резултатски приклучок. Предноста на „сино-белите“ на полувремето уште повеќе се стопи, но по третата четвртина повторно изнесуваше солидни плус 9.

Вистинска драма се случуваше во последните две минути, кога тимот од „Градски парк“ најпрво со серија од 6:0 се приближи на само три поени, потоа намали и на еден поен, а во последниот нивни напад Јане Петровски промаши шут за победа.

Пред крајот на третиот период натпреварот беше во неколкуминутен прекин поради инцидент предизвикан на трибината каде беа сместени навивачите на Работнички. По интервенцијата на полицијата ситуацијата се смири и дербито продолжи.

Стефан Синовец со 24 поени беше најзаслужен за победата на МЗТ Скопје Аеродром. Двоцифрен број поени запишаа и Александар Цветковиќ – 16, Тодор Гечевски – 12 и Сеад Сеховиќ – 11.

Кај Работнички најефикасен беше Бариша Красиќ со 22 поени, Горан Икониќ и Дарко Соколов реализираа по 11, Јане Петровски и Вилијам Колман дадоа по 10.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...