Победи за Денвер и за Сан Антонио

Екипите на Денвер и на Сан Антонио постигнаа победи на ноќешните натпревари во НБА лигата на гостински терен.

Денвер го совлада Голден Стејт во неизвесна завршница. Кенет Фарид на половина секунда до крајот погоди за победа на својата екипа од 100:99, а најпрвин Стефан Кари на 4.7 секунди донесе водство за Голден Стејт, кое се покажа недоволно за триумф. Најдобар поединец на натпреварот беше Тимофеј Мозгов кој имаше 29 скокови и 23 поени.

На вториот дуел Сан Антонио го победи Далас со 109:100 и со тоа стана 13.та екипа во историјата на НБА што во сезоната има постигнато 30 победи на гости. „Мамузите“ се многу блиску оваа сезона да завршат со најдобар биланс и да го имаат бројот 1.

Вечерва се играат 13 натпревари: Орландо - Вашингтон, Торонто - Њујорк, Бостон - Шарлот, Бруклин - Атланта, Мајами - Индијана, Чикаго - Детроит, Мемфис - Филаделфија, Минесота - Хјустон, Оклахома Сити - Њу Орлеанс, Милвоки - Кливленд, Сан Антонио - Феникс, Јута - Портланд и ЛА Лејкерс - Голден Стејт.

Пласман Источна конференција: Индијана 54-25 (победи-порази), Мајами 53-25, Торонто 46-32, Чикаго 46-32, Бруклин 43-35, Шарлот 40-38, Вашингтон 40-38, Атланта 35-43, Њујорк 33-45,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 61-18, Оклахома Сити 57-21, ЛА Клиперс 55-24, Хјустон 52-26, Портланд 51-28, Голден Стејт 48-30, Феникс 47-31, Далас 48-32, Мемфис 46-32,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...