„ВРЕМЕ Е ДА СЕ ВРАТАМ ДОМА“.

„Кралот“ се врати дома, во Охајо!

Оваа реченица, како воведна, му ја кажал Леброн Џејмс на новинарот на „Спорт илустрејд“, Ли Џенкинс.

Или во превод, најдобриот играч на денешницата во НБА-лигата, па и во светот, одлучи да ја исправи грешката. По четири години „работење“ во Мајами Хит, и две шампионски титули, виде нов предизвик во кариерата.

Да го донесе шампионскиот пехар во родниот Охајо како што звучи неговото писмо што „Кралот Џејмс“ им го даде на новинарите од „Спорт илустрејд“, пред да замине за Бразил каде што в недела навечер ќе го гледа финалето на Мундијалот, во кое ќе се сретнат Германија и Аргентина.

„Пред кој било да го интересира каде ќе играм, бев дете од североистокот на Охајо, а мојата врска со него беше поголема отколку со кошарката. За тоа не бев свесен пред четири години, но сега сум“, беа првите пишани зборови на Џејмс во писмото, кое е сосема друг начин на носење вака важна одлука како што беше онаа толку зборувана „одлука“ пренесена на еден друг, медиумски начин.

Леброн не заборави да каже и тоа дека во Мајами дошол поради Двејн Вејд, поради Крис Бош, и дека Мајами бил неговиот втор „дом“. Ниту пак заборави на сè она што во изминатите четири години за него направија луѓе како Мики Арисон и Пет Рајли.

„Не сакам да се шпекулира дека сум заминал поради несогласување со некои луѓе. Тоа не е точно. Нема конференција за печат, ниту, пак, журка. Време е да се вратиме на работата. Кога заминував од Кливленд, имав мисија да ја освојам титулата, освоив две. Но Мајами знаеше како да биде шампион , нашиот град не знае и целта ми е еднаш да го донесам трофејот на североистокот од Охајо. Секогаш верував дека ќе се вратам во Кливленд и дека таму ќе ја завршам кариерата, само не знаев кога ќе биде тоа“.

Интересно е дека таму ќе соработува со еден вистински тренер-дебитант, каков што е Дејвид Блат, но Џејмс вели и тоа дека ќе биде трпелив во најавувањето на новата ера на Кавалирс.

„Не ветувам титула, знам колку е тешко да се исполни едно такво ветување. Сега не сме подготвени, нема шанса. Секако, сакам да освојам трофеј, но сум реален. Ќе биде тоа долг процес, подолг од оној кој почна во 2010 година. Ќе биде тестирано моето трпение, ќе бидам дел од еден млад тим, кој го води нов тренер, ќе бидам ’старец’. Но возбуден сум поради тоа. Ќе ја предводам екипата и ќе ѝ помогнам да дојде до местото што не го ни сонувала. Се гледам себеси како ментор на тие талентирани момчиња. Мислам дека можам да му помогнам на Кајри Ирвинг да стане еден од најдобрите плејмејкери во лигата.

Можам да им помогнам и на Тристан Томпсон и на Дион Вејтерс, а не можам да дочекам повторно да бидам со Андерсон Варежао, еден од моите омилени играчи“, порача Џејмс во писмото, „проштално“ за Мајами, и нешто како „најава“ за Кливленд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...