Селекторот на Американците стартува со 19 кошаркари

Селекторот на американската кошаркарска репрезентација Мајк Кржижевски со 19 играчи ќе ги почне подготовките за претстојното Светско првенство во Шпанија (30 август - 14 септември).

Предводници на тимот ќе бидат Кевин Дурант и Кевин Лав, кои беа членови на „златните“ состави од Светското првенство 2010 година и од Олимписките игри 2012 година.

- Среќен сум што во тимот имам неколку играчи кои имаат искуство во освојување на трофеи на меѓународни натпревари, заедно со неколку млади играчи кои ќе го бранат златниот медал од последното првенство одржано во Турција истакна Крижевски.

На тренинг кампот ќе се појават следниве играчи: Бредли Бил (Вашингтон), Демаркус Казнс (Сакраменто), Стефан Кари (Голден Стејт), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Андре Драмонд (Детроит), Кевин Дјурант (Оклахома Сити), Кенет Фарид (Денвер), Пол Џорџ (Индијана), Блејк Грифин (ЛА Клиперс), Џејмс Харден (Хјустон), Гордон Хејворд (Јута), Кајри Ирвинг (Кливленд), Кајл Корвер (Атланта), Дамјан Лилард (Портланд), Кевин Лав (Минесота), Чендлер Парсонс (Далас), Демар Дероузн (Торонто), Дерик Роуз (Чикаго) и Клеј Томпсон (Голден Стејт).

За разлика од претходните големи натпревари недостасуваат: Леброн Џејмс, Кармело Ентони, Крис Пол, додека Расел Вестбрук поради повреда го откажа настапот.

Тренинг кампот на САД ќе стартува на 28 јули. До 1 август ќе се тренира во Лас Вегас, а потоа по 12 дена пауза избраните кошаркари ќе имаат собир во Чикаго на 14 август каде ќе играат натпревар против Бразил. Од 17 до 22 август, Американците во Њујорк ќе играат против Доминиканска Република и Порторико, а на 24 август на Канараските Острови имаат натпревар со Словенија.

На Мундобаскетот во Шпанија, САД се во групата Ц што ќе се игра во Билбао, а противници им се: Турција, Финска, Украина, Доминиканска република и Нов Зеланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...