Со “6“ или „23“ назад во Кливленд?

Пред да си замине од Кливленд цели седум години Леброн Џејмс го носеше дресот со бројот „23“. Но откако се најде заедно со Двејн Вејд и Крис Бош, секако во Мајами, од 2010 година реши да го промени, односно ја прифати „шестката“,која ја носеше во националниот тим на САД.

Најголем дел од тие дресови со таа бројка беа запалени од фановите на Кавс, јасно и поради што. Сега се повторува една таква хистерија, во Кливленд одново се бара дресот на кој пишува Џејмс. Сега тој треба да одлучи дали да остане на бројката од Мајами, или онаа старата од Кливленд. Дали повторно да ја облече „дваесет и тројката“ или да остане на „шестката“.

Затоа Леброн го постави ова прашање и на социјалните мрежи, по што првичните резултати од гласањето велат дека треба да ја врати опремата со бројот „23“.

Самиот Џејмс порано сметаше дека тој број треба да биде повлечен од употреба во НБА лигата. Се разбира и поради што, Мајкл Џордан и неговото дело.

„Кога ќе го видите бројот ’23’, ќе помислите на Мајкл Џордан. Кога ќе видите како некој лета низ воздухот, ќе помислите на Џордан. Кога ќе видите како некој поентира за победа во последната секунда, ќе помислите на Мајкл Џордан. Тој направи многу, појавувањето во Куќата на славните не е доволно“- сметаше тогаш Џејмс.

„Кралот“ важи и како „најпродаван“ во лигата во шест од вкупно 11 сезони, па која бројка ќе ја одбере за „враќањето“ е и помалку важно.

И не би било изненадувачки ако на пример, одбере и сосема трет број, како на пример „32“, или бројката која во една сезона ја носеше во средношколските денови, затоа што тогаш омилената „23“ била зафатена.

Не е познато кој број ќе носи Џејмс, но познати се цените на дресовите и другата опрема со неговите иницијали и број. Па така уште во претпродажба цените се движат од 70 долари за реплика од дресовите, па сè до 300 долари колку што чини еден комплет тренерки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...