Кливленд му исполнува желби на Леброн


Изјавата на Леброн Џејмс дека би сакал да игра во ист тим со Кевин Лав ја растрча управата на „коњаниците“ со цел да му ја исполни желбата на својот најдобар кошаркар.

Кливленд завчера ангажираше тројца играчи на Јута џез кои немаат загарантирани договори, и се шпекулира дека тоа е всушност само чекор кон привлекување на ол-стар крилото Лав, кој во минатата сезона играше за Минесота тимбервулфс.

Овие тројца играчи би можеле да бидат понудени како дел од пакетот во трампата за евентуалниот премин на Лав во Кливленд. Минесота сака покрај Лав, да се обиде да ги продаде Кевин Мартин и Џеј Џеј Бареа, па затоа од Кавалирс ќе мора да бидат креативни во понудите за главниот играч на „шумските волци“.

Минесота нема да биде заинтересирана да го размени Лав во Кливленд ако во понудата го нема првиот пик на драфтот Ендрју Вигинс. Откако Вигинс ќе го потпише својот дебитантски договор, во наредните 30 дена тој не смее да биде продаден во друг клуб.
Силен кандидат за привлекување на Лав останува Денвер нагетс. Заминувањето на Лав од Минесота е многу веројатно бидејќи ако остане уште една сезона, тогап следното лето ќе си замине како целосно слободен играч и клубот нема да добие ништо за возврат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...