Белгија и го нанесе првиот пораз на Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство 2015. На гостувањето кај Белгија синоќа Македонија загуби со 63:60 (12-11, 21-12, 17-19, 13-18). И покрај поразот нашата репрезентација има реални шанси за пласман на Евробаскетот 2015 и потребно е да се совладаат селекциите на Данска и на Белорусија во Скопје.

Македонија добро го почна натпреварот и противникот беше тој што беше во негатива. Во таква ситуација нашите кошаркари имаа предност до финишот на првиот период. Сепак Белгија успеа да поведе, а во вториот период и го зголеми водство, кое на полувремето беше десет разлика (33:23).

Во вториот дел македонските кошаркари имаа нешто подобар шут за три поени и успеаја да го го намалат водството на домаќинот, но грешките и понатму беа присутни во играта на избраниците на селекторот Александар Џикиќ. Во 35.минута Македонија се доближи и на еден негатива (52:51), но немаше сили за пресврт како во Скопје со истиот ривал.

Белгија во завршницата ја зачува предноста и дојде до третата победа исто колку што има и Македонија. Во составот на Македонија Ричрад Хендрикс со 14 поени и истотолку скокови беше најефикасен, додека кај Белгија Максим Де Зеув имаше 13 поени, а Алекс Ервеле 11 поени и 10 скокови. Македонија направи вкупно 25 грешки, додека Белгија имаше 16.

На вториот натпревар од Д групата Белорусија ја победи Данска на гости со 73:66.

На табелата Македонија и Белгија имаат по 7 бодови, Белорусија 6, Данска 4.

Следниот натпревар Македонија го игра на 24.август (недела) во Скопје против Данска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...