Положен испитот „како треба против аутсајдерите“!

Македонија ја совлада Данска, очекувано, или онака како што тоа од своите избраници го (по)бара селекторот Александар Џикиќ.

Без потценување на ниту еден противник, на ниту една селекција во квалификациите квалификувана како аутсајдер.

„Школата“ која ја имавме во Хорсенс беше само најава, нешто што донесе своевиден „приемен испит“ на таа тема, кој избраниот тим на Џикиќ пред својот аудиториум во Арената во Скопје беше успешно положен.

Македонија победи и со убедливи 80:46, потребни во онаа трка за првата позиција на табелата во групата „Д“. Онија во која за „милиметар“ и понатаму води Белгија, која има и плус десет поени во својот кош-количник, а пред разврската в среда.

Победи ли Македонија на истиот овој терен против Белорусија, по четвртипат по ред ќе биде дел од ЕП. Од првата или втората позиција на табелата ќе чекаме на резултатот од другиот меч во кој Данска ја дочекува Белгија, која е веќе обезбедена.

А „темата“ ја одработивме постепено. Од минута во минута го симнувавме отпорот на само борбените Данци, кои, патем кажано, во Скопје допатуваа и играа само со деветмина кошаркари.

Но, и тие парираа, но само во првото полувреме, и некои минути од третиот период. Се бранеа сè таму до оние 11:11 во уводната четвртина, кога тргна првата наша серија (8-0) за првото поголемо одвојување (19:11). На почетокот на вториот имавме за првпат и двоцифрена предност (24:13), која ја одржуваме до полувремето (41:29).

Последниот обид „викинзите“ го имаа на почетокот на третата четвртина, во кој дојдоа на само пет поени негатива (40:45).

Сè друго беше на наша страна, на која беше новата серија од девет неодговорени поени за сосема комфорни 54:40.

Тоа, пак, означи едно целосно „отворање“ на студентите на Џикиќ во оние последни 10 минути. Една поентерска ерупција претворена во 20 плус (26:6) и уште поубедливи 80:46, доволни за повеќе од преодна оценка.

„Дипломирањето“ го чекаме в среда навечер, на истото место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...