Само уште еден чекор до целта!

Македонија е блиску, многу блиску до обезбедување на уште една европска виза, онаа која носи играње на Европско првенство. За да биде така, односно Македонија и по четвртипат во серија, а петти во историјата заигра на ова големо натпреварување, и треба само уште една победа. Онаа во натпреварот против Белорусија, закажан за среда навечер од 20.30 часот, во Арената „Борис Трајковски“.

Натпреварот со Данска, оној вториот во овие квалификации го детерминираше начинот на кој треба да игра оваа и тоа како изменета селекција која ја води Александар Џикиќ.

Пред сè трпеливо, без никакво брзање, со една „внатрешна сигурност“ дека сè ќе си дојде на своето место кога за тоа ќе биде потребно.

Македонија никаде не брзаше во овие 40 минути. Иако, особено првото полувреме, поточно првите 15 минути Данците делуваа како тим кој може да парира, сепак, сè понатаму почна да се мести како нам ни одговара за на крајот да се случи онаа поентерска експлозија која и донесе голема, огромна предност во наша корист.

И што е поважно, минимум второто место во квалификациите, што со оној убедлив пораз на нашиот следен противник, на домашен терен во Минск, ни дава уште поголема сигурност.

Дека со победа во среда навечер против Белорусите Македонија и дефинитивно ќе се промовира, уште еднаш во серија, како учесник на наредниот Евробаскет.

Селекторот Џикиќ ја потенцираше одбраната како еден добар, т.е. најдобар момент од овој натпревар, и без оглед на тоа што даде одредени забелешки, во стилот дека „секогаш може и подобро“, тие можеби се веќе и непотребни.

Пред сè затоа што овој негов тим работи, функционира како што тој самиот и бара да се прави, а другата страна одговори доста успешно во секој поглед.

Можеби со исклучок на оние „падни-стани“ ситуации во играта кои ги евидентираше не само Џикиќ, кој, пак, е свесен за актуелниот момент во кој „се живее“ и во оваа „Д“ квалификациска група.

Јасно е една работа, дека доколку Белгија победи во Данска ќе го задржи и првото место во групата кое води на првата позиција, исто како што е јасно дека Македонија е сигурно второпласирана. А доколку ја победи Белорусија, во што не се сомневаме, тогаш ќе биде една од шесте со најдобар скор. Или со оние кои ќе ја формираат бројката од 13 селекции кои преку овој втор квалификациски циклус ќе обезбедат место заедно со оние 11 кои имаат директен пласман (со исклучок на Естонија, која победи во првиот квалификациски циклус) на Евробаскетот.

Дури откако ја одработеа оваа задача, Џикиќ се „префрли“ на она што следува - Белорусија.

„Тие доаѓаат кај нас по голем пораз од Белгија. Добро го познавам нивниот тренер и сигурен сум дека ќе направат сè за да го поправат впечатокот. Ќе биде тежок меч, јас би сакал да играме 40 минути на ниво. Не сакам кога натпреварот оди горе-доле, мора да го задржиме ритамот и контролата за време на целиот меч“.

Она што особено го истакнува кај противникот кој го совладавме и на негов терен во Минск, е брзиот проток на топката, добри шутери кои знаат да казнат какво било „помагање“.

„Белорусија има неколку добри шутери и сакаат да играат брза кошарка. Точно знаат да ја дефинираат својата игра и имаат квалитет да ја казнат секоја непотребна помош од наша страна “- заклучува предводникот на „црвено-жолтите“, по четвртиот триумф во квалификациите, а пред мечот на одлука, оној в среда против Белорусија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...