Коби ќе „лапа“ по 78.333 долари на ден!

Интересна информација извадија неофицијални извори кои се блиску или во НБА лигата, а е поврзана со тоа кои се најдоброплатените кошаркари кои ќе ја отворат новата сезона 2014/2015.

И иако многумина помислија дека првата позиција е практично резервирана за Леброн Џејмс, истите тие, во најмала рака, се излажаа.

Пред се затоа што според оние официјални бројки, најголема плата во слдната година од НБА лигата, има неговиот најголем конкурент во трката за најдобар играч, Коби Брајант.

Звездата на ЛА Лејкерс, кој лани поради повреда и операција пропушти најголем дел од сезоната, сеуште има најдобри цифри на банкарската сметка.

Согласно со новиот договор кој го доби од страна на „езерџиите“, во сезоната пред нас ќе може да смета на 23.5 милиони долари. Или разделено на помали единици, Кобе ќе „лапа“ по 54 долари во минута, 3.263 долари на час, или 78.333 долари на ден...

За да биде ситуацијата уште поинтересна, „Кралот Џејмс“ не е ниту во првата „петорка“ на НБА богаташите.

Пред се затоа што веднаш по договор на Брајант, следува оној на Амаре Стадемаер од Њујорк (23.4 милиони долари), па на Џон Џонсон од Бруклин кој ќе добива 23.1 милиони, а подобри договори од Џејмс има уште едне играч на Њујкорк Никс, секако, Кармело Ентони (22.4), како и Двајт Хауард од Хјустон (21.4 милион).

Инаку, официјалната плата на Леброн Џејмс изнесува точно 20.644.400 долари, го става дури на шестата позиција во ова рангирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...