На Светското првенство во кошарка што денеска почна во Шпанија досега завршија три натпревари. Најмногу проблеми да стигне до триумф имаше Хрватска, која мораше да игра и продолжение. Четвртопласираната селекција од последното Европско првенство, Хрватска го победи тимот на Филипини со 81:78. Овој натпревар беше од групата Б.
Во рамките на Ц групата Украина ја победи Доиминиканска република со 72:62, додека во Д групата Ангола славеше над Јужна Кореа со 80:69.