Гечевски и Чековски тргнаа со Работнички

Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски се појавија на првиот тренинг на Работнички со кој тимот на некој начин ги стартуваше подготовките за новата сезона во која најтрофејниот клуб посакува освојување на титулата во македонското првенство. Гечевски и Чековски во претходните три сезони беа членови на МЗТ Скопје Аеродром со кој освоија три титули, но по намалувањето на буџетот и најавеното подмладување, решија да прејдат во редовите на најголемиот ривал. За нив двајца играњето за Работнички и за тренерот Марин Докузовски не е ништо ново бидејќи во минатото имаат често соработувано со него на клупска и репрезентативна сцена.

Со појавувањето во „Градски парк“ се потврдија шпекулациите оти Гечевски и Чековски кариерата ќе ја продолжат во Работнички кој ќе има состав со кој ќе атакува на трофеите во домашното првенство. Официјално тие уште немаат потпишано договори со вицепрвакот, но се чини дека тоа е само формалност. Покрај нив двајца, на првиот собир на Докузовски и помошниците Марјан Србиноски и Марко Величковиќ се појавија и искусните Димитар Мираковски и Марјан Ѓуров, како и играчи од младинскиот состав. Во тимот ќе бидат и Јане Петровски и репрезентативците Дарко Соколов и Марко Симоновски. Во наредните денови управата ќе треба да поработи на доведување на нови засилувања за комплетирање на составот по што екипата би почнала со посериозни подготовки и одигрување пријателски натпревари.

Првиот тренинг на „црвено-белите“ беше збогатен и со присуство на неколку стотини навивачи кои полни со оптимизам и со песна порачаа дека сезонава ја чекаат титулата која Работнички ја нема освоено веќе пет години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...