Американците се недопирливи!

Репрезентацијата на САД во финалето на Светскиот куп демонстрираше сила со која му покажа на светот дека најдобрата кошарка се игра кај нив и оти кога се мотивирани и разиграни, немаат сериозна конкуренција. Жртва на Американците беше Србија која парираше само во првите пет минути. Конечните 37 поени разлика се втората најголема разлика во историјата на финалните средби на СП (во 1994 година финалето заврши со 46 поени разлика).

Во првата четвртина фаворитот уфрли 35 поени од кои 15 беа дело на бекот Кајри Ирвинг. Во воведниот период Американците ги погодија сите пет пута за тројка, од кои три на Ирвинг. Претходно Србија одлично го отвори мечт и поведе со 15-7, но тогаш САД предводен од Џејмс Харден и Ирвинг, направи серија од 15-0 и ја презеде контролата. На полувреме беше 67-41, а реализацијата за три на Американците беше феноменална (11/16). САД уште кон крајот на третата четвртина стигна до троцифрен број на поени и тоа ја покажува нивната огромна доминација.

До вчера, само две земји кои веќе не постојат (Југославија и СССР) го имаа одбранети светското злато, а сега тоа им појде од рака и на Американците. САД во Шпанија дојде со млад состав, со просечна возраст на играчите од 24 години, без најголемите ѕвезди, но и тоа не беше хендикеп.

Американците до титулата не одиграа ниту еден неизвесен натпревар, и ги мелеа сите девет противници кои им се најдоа на патот, и заслужено му се радуваа на златото.

САД и Србија за првпат се сретнаа во едно финале на

Мундобаскет, а Американците никогаш не играле финале на СП ниту против поранешна Југославија. Со синоќешната победа, САД се изедначи со Југославија на врвот на најуспешни нации со по пет титули, па затоа и чуди како тие две велесили никогаш не играле финале едни против други.

Србија, порано како дел од Југославија, последниот пораз на СП од Американците го имаше претрпено во далечната 1986 година, и тоа повторно во Шпанија, тогаш во градот Овиедо, во средба од втората фаза.

Само десет дена пред финалето, Србите загубија од Бразил и ретко кој веруваше дека екипата на селекторот Александар Ѓорѓевиќ може да дојде до финале. Но, критиките кон играчите делуваа мотивирачки, Теодосиќ, Богдановиќ и другарите се заинаетија, заиграа многу подобро, и покажаа дека треба да се почека крајот пред да се анализира и критикува нешто. Сепак, за нив финалето е голем успех и краен дострел.

Ќе има дочек во Белград

Вечерва во 20 часот пред градското собрание во Белград, популарниот „Стари двор“, навивачите на нашиот северен сосед ќе ги поздрават своите херои. Пречекот беше договорен уште пред финалето. Градоначалникот на Белград, Синиша Мали, рече дека репрезентативците заслужуваат такво нешто бидејќи и со самиот пласман во финалето направија подвиг, и повика што повеќе луѓе. Ако временските услови не дозволат пречек на отворено, тогаш свеченоста ќе се одржи во „Комбанк арената“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...