МЗТ воведува сезонски билети

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром ќе пушти во продажба сезонски билети за претстојната сезона во која тимот ќе игра во домашното првенство и АБА лигата. Цената на билетите е 2.200 денари и ќе важи за сите домашни средби на МЗТ во претстојната сезона.

Продажбата на сезонски билети, што е новитет за аеродромскиот клуб кој очекува подобра посета откако се врати во сала во матичната населба, ќе трае од 17 до 28 септември, на билетарницата во спортскиот центар „Јане Сандански“ од 12 до 20 часот.

Ако се пресмета дека МЗТ ќе одигра најмалку 22, а најмногу 32 средби во својот нов дом, тогаш се доаѓа до заклучок дека ќе треба да се издвојат помалку од 100 денари по меч. За некои поединечни средби, пред сé од Јадранската лига, цената на еден билет сигурно ќе биде повисока, па затоа потегот со сезонските билети е добар за оние најредовните.

Интересна новина е што оние навивачи што ќе имаат сезонски билети за оваа сезона ќе имаат дополнителен попуст при купување на сезонски билети за 2015/2016, и можност за купување на истото место за седење, ако сметаат дека тоа им носи среќа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...