Американците се „чисти“

Лесно им е на Американците да победуваат кога не се подложни на допинг тест, беше еден од најчестите коментари кај љубителите на кошарката по нивниот убедлив триумф на Светското првенство во Шпанија, но надлежните меѓународни институции тврдат дека не е така. Пред финалето Американците не се појавија на задолжителната прес-конференција, па тоа уште повеќе ги изреволтира нивните противници кои велеа дека се докажало оти тимот на САД си прави што сака бидејќи „им се може“.

Сепак, се покажа дека тврдењето оти не биле тестирани за допинг (наводно американската федерација гарантирала дека се чисти) нема врска со вистината.

Координаторот за комуникации на ФИБА, Сајмон Вилкинсон, за српскиот весник „Блиц“ изјави дека членовите на сите тимови кои учествувале на СП во Шпанија, биле тестирани пред, и за време на турнирот. Тој додава оти покрај задолжителниот преглед под надзор на ФИБА и Светската антидопинг агенција, Американците на своја иницијатива извршиле и дополнителни тестирања на своите играчи.

„Членовите на сите тимови кои учествуваа на Светкиот Куп во 2014 година се тестирани и пред, а и по завршувањето на ова натпреварувањето во Шпанија“ - потврдил Вилкинсон.

Во исто време координаторот за комуникации на Светската кошаркарска организација истакнува дека покрај прегледите под надзор на ФИБА, Американците, на сопствена иницијатива извршиле и дополнителни тестирања на своите играчи.

„Покрај задолжителните тестови кои се предвидени во соработка на ФИБА со светската анти-допинг агенција, а кои се спроведени пред и по завршувањето на Мундобаскетот, кошаркарската асоцијација на САД своите репрезентативци ги подложи на дополнително тестирање, она кое го споведе анти-допинг агенцијата на САД“- истакнал Вилкинсон.

Еден прославен српски кошаркар во неформален разговор рекол дека тоа што некој погодува шест тројки од шест обиди, нема врска со допинг, туку со часови и часови вежбање, тренинзи од кои може сите да научат нешто. Според него, младите генерации не би требало да ги мрзи да тренираат напорно и да прават индивидуални тренинзи, пред или по екипната работа во клубовите бидејќи тоа е патот до успехот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...