Класен ја добива „петката“ во МЗТ

Овен Класен е вториот Канаѓанец по Дејвид Дениелс кој ќе го облече дресот на МЗТ Скопје Аеродром во историјата на клубот и ќе го носи дресот со бројот 5.

Канаѓаните сметаат оти овој 22-годишен крилен центар има НБА потенцијал, тој на почетокот на јуни имаше тренинзи со некои екипи од најсилната лига на светот, но сака да собере искуство со играње во Европа бидејќи од универзитетската лига во Канада во најсилната лига на светот не се стигнува лесно. Во редовите на македонскиот шампион Класен треба да се приклучи деновиве, пред настапот на турнирот во Самоков. До стартот на сезоната во АБА лигата има помалку од две недели и Класен нема да има премногу време за воигрување со новите клупски колеги.

Класен е висок 208 сантиметри, има 102 килограми и би требало да ги покрие позициите крилен центар и центар. За него ова е прв професионален ангажман во кариерата откако во претходните три сезони со успех играше за Универзитетот Акадија. Станува збор за добар скокач и играч кој е многу подвижен како за негова висина а тоа му дава предност во однос на чуварите.

Останува да се види дали Класен ќе се снајде во МЗТ, но талентот е неспорен и со него можеби ќе треба трпение пред да почне да ги прикажува очекуваните игри. Мотивација му е да се докаже против искусни и квалитетни играчи, и да го покаже целиот потенцијал.

Трипати бил дефанзивец на годината на универзитетско ниво, а во минатата сезона имаше просек од 20,5 поени, 11,5 скока и 2,4 асистенции по натпревар (беше седми стрелец и прв скокач во лигата). Ваквата импресивна статистика му донесе и повик во националниот тим на Канада.

Канаѓанецот летово низ Европа одигра 11 пријателски средби во дресот на репрезентацијата со просек од 6,8 поени и 7,3 скока за 18,7 минути по меч, а тоа не му беа први настапи за својата земја. Во 2013 и 2011 година беше член на селекцијата која настапи на Универзијадите во Русија, односно Кина, а претходно играше и на Пан-американските игри во 2011 во Мексико.

Класен во МЗТ дојде на местото на избрканиот Американец Милтон Џенингс, кој беше недисциплиниран. Но, според информациите од Канада, ниту досието на Класен не е 100 проценти чисто. Во 2012 година тој и двајца негови роднини беа обвинети за физички напад врз бившата девојка на кошаркарот и уште еден маж, а судот го прогласи за невин. Класен од тимот беше суспендиран на само два меча бидејќи и во Акадија беа убедени дека нема вина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...