Мек Кејлеб има понуди од два НБА тима

Лестер „Бо“ Мек Кејлеб би можел играчката кариера да ја продолжи во НБА лигата и да стане вториот македонски државјанин кој заиграл во најсилната лига на светот. Американецот со македонски пасош има полни 29 години и смета дека сега му е вистинска шанса да му се исполни сонот кој го има уште од 2008 година, а тоа е да заигра во НБА. Мек Кејлеб би тргнал по стапките на репрезентативниот колега Перо Антиќ за кого годините не беа проблем да дебитира во најсилната лига.

Информациите од САД велат дека за Мек Кејлеб се интересираат два клуба од западната конференција. Се шпекулира дека едниот е Њу Орлеанс пеликанс. Ако е вистина, и ако Мек Кејлеб реши да ја прифати евентуалната понуда од „пеликаните“, тоа би било комплетирање на неговата кариера во родниот град. Популарниот Бо е роден во Њу Орлеанс, а пред да дојде во Европа, играше за средното училиште и Универзитетот од градот на џезот. Таму е добро познат и респектиран до денеска, па не би имал проблем со прилагодувањето.

Кога го заврши колеџот пред шест години, скаутите сметаа дека неговата мала висина е голем проблем и не беше драфтуван од НБА тим, па разочаран одлучи да замине во Европа каде играше професионално за неколку тима. Почна во турски Мерсин, па во Партизан, Монтепаски Сиена и Фенербахче Улкер. Секаде блескаше и се наметна како еден од најдобрите Американци кои заиграле на европско тло. Во летото 2010 година зеде и македонски пасош, играше за нашиот национален тим и беше еден од најзаслужните за историското четврто место ја Евробаскетот во 2011 година.

Откако се раздели со Фенербахче Улкер, останаа малку опции за продолжување на кариерата во Европа. Армани Милано се интересираше, но желба на Бо е да игра во НБА каде аналитичарите сметаат дека би можел да биде прва резерва на стартниот плејмејкер во екипата каде би потпишал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...