На Војдан не му пречи улогата на резерва

Кога Војдан Стојановски е на терен тој е убиец. Спротивно на тоа, неговото однесување надвор од теренот изгледа сосема поинакво. Вака интернет страницата „Алба Инсајд“ го почнува воведот во интервјуто со македонскиот кошаркар кој веќе втора сезона ќе го носи дресот на Алба Берлин.

„Кога дознав дека Алба сака да ми го продолжи договорот бев среќен затоа што се чувствувам многу удобно овде. Обрадовиќ е тренер кој сака да види агресивна одбрана, и ако го слушате и ги спроведувате на неговите барања, ќе немате проблеми. Јас сум тивок по природа, спротивност од него, но добро функционираме. Алба е најголемиот клуб за којшто сум играл, сега правам чекор напред со играњето во Евролигата“ - вели Војдан, кој ги фали организацијата и дисциплината во клубот.

Германците ги интересираа и настапите на Војдан за националниот тим.

„Кошарката е спорт број 1. Фудбалот не е најпопуларен бидејќи немаме толку многу добри играчи, освен можеби Горан Пандев. Во кошарката имаме играчи како Перо Антиќ, кој игра во НБА, или Владо Илиевски, Бо Мек Кејлеб. Ракометот исто така е многу популарен кај нас“ - објаснува Стојановски.

За односот со неговиот брат близнак Дамјан, Војдан вели дека ривалството постои и уште кога биле деца многу играле „еден на еден“. Запознал многу Македонци во Берлин кои му помагале на почетокот да се снајде и прилагоди полесно.

На Војдан не му е проблем што во Алба средбите ги почнува од клупата.

„Се чувствувам подобро кога ќе влезам во игра од клупата за резерви. Откако Обрадовиќ ми е тренер, не сум во почетната петорка. Во првите 5-6 минути од страна гледам како игра противникот, и кога ќе влезам, веќе знам што може да се очекува и какви се добрите и слабите страни на ривалот“ - завршува Стојановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...