„Металците“ со лоша увертира пред АБА

На пет дена пред почетокот на новата сезона во АБА лигата формата на македонскиот претставник МЗТ Скопје Аеродром е загрижувачки за неговите фанови, а и резултатите од подготвителните натпревари го покажуваат тоа. Петте порази по ред кои ги претрпе МЗТ на последните пет контроли не навестуваат ништо добро за нашиот првак кој со послаб играчки кадар од минатата сезона влегува во новата. Покрај тоа, и повредите се присутни, па ротацијата е уште пократка и заморот е очигледен.

Најновиот пораз на МЗТ дојде во мечот за трето место на турнирот „50 години Самел-90“ кој се одигра во бугарското гратче Самоков. МЗТ е поразен од грчкиот прволигаш КАО Драма иако конечниот резултат можеше да биде и поинаков.

Почетокот на натпреварот навестуваше поинакво издание на МЗТ од она претходниот ден против Лукоил Академик. „Металците“ по три минути игра водеа со 7-0, а првите 12 поени за скопскиот тим ги постигнаа само Симоновски и Маринковиќ. По првата четвртина МЗТ имаше предност од четири поени разлика, а на стартот на вториот период по тројката на Класен, разликата се искачи на плус седум. Во 12. минута МЗТ имаше плус од девет разлика (26-17), но тогаш противникот направи серија од 7-0. Во средината на втората четвртина Драма за првпат поведе, но само за кратко бидејќи со две тројки по ред „штрковите“ ја вратија позитивата. Финишот на втората четвртина им припадна на Грците, кои со три поени плус заминаа на голем одмор. Во третата четвртина тимовите се менуваа во водство, а најголемата позитива на Драма беше пет поени разлика. МЗТ постојано беше во негатива во последната четвртина и никако не успеваше да го стигне противникот. Откако Маринковиќ погоди за 69-71 во 35. минута, Драма во следните четири минути направи серија од 7-0 и практично го одлучи победникот иако МЗТ се доближи на 75-78 на 29 секунди пред крајот. Последната шанса за пресврт македонскиот првак ја пропушти кога Демјунк утна обид за тројка на 11 секунди пред крајот при 75-79, а Маринковиќ само намали на 77-79 пред Зарас со две погодени слободни да стави точка.

МЗТ против Грците погоди 12 тројки од 29 обиди, се истакна Симоновски со 6/9, но момците на тренерот Сагадин имаа и 18 загубени топки. Константноста исто така беше проблем, па оние што играа најдобро во полуфиналето со Лукоил, овојпат немаа свој ден, и обратно. На турнирот во Самоков, во редовите на МЗТ не настапија Цветковиќ, Лучиќ и Зивчевиќ. Со нивно приклучување, тимот сигурно ќе делува многу подобро, а нивното отсуство сигурно беше една од причините за поразите.

Победник на турнирот е домаќинот Рилски Спортист, кој во финалето го надигра Лукоил Академик со 90:78.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...