Перо Антиќ мрази маски!

Само еден ден откако почна да тренира со маска на лицето како заштита за неодамна оперираниот скршен нос, македонскиот крилен центар Перо Антиќ ги замрази овие маски. Вели дека многу му пречи, но според првиот план на лекарскиот тим на Атланта хоукс, Перо ќе мора да го трпи ова уште барем две недели.

„Тешко е да се игра со маска. Првпат во мојот живот имам повреда на носот. Маската ми пречи, тешко се гледа, не е лесно да се привикнете на неа, но немам избор, морам да ја носам“ - изјави Антиќ.

Тој објаснува дека од дишењето маската брзо се замаглува и тоа негативно влијае врз периферната визија. Антиќ се здоби со повредата на еден тренинг откако прими случаен удар во носот во дуел со дебитантот Адријан Пејн, кој со лакот го поткачи нашиот кошаркар. Откако му беше направена контрола и беше констатирано дека закрепнувањето оди според предвиденото, од понеделникот Перо почна нормално да тренира, но со маска. Наредната контрола е закажана за 10 дена.

Лекарите препорачаа Антиќ да носи маска барем до почетокот ноември, што значи дека тој ќе треба да игра со заштита на најмалку еден натпревар од регуларната сезона (почнуваат на 29 октомври против Торонто репторс).

Според зборовите на тренерот Мајк Баденхолцер, во текот на неделава Перо би требало да одигра барем една од трите пријателски средби. Баденхолцер сака кон крајот на неделава Антиќ да може да игра и влегува во ритам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...