Врба се отвори: Антиќ е разгален и пати да е во центарот на вниманието!

Откако вчера бевме сведоци на „војната“ со зборови помеѓу Врбица Стефанов и Перо Антиќ, денеска таа добива нови димензии. Популарниот Врба го искористи пресот на кој тој беше претставен како нов тренер на нашиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје и реши јавно да проговори за однесувањето и нападите од Антиќ во последните 24 часа на популарните социјални мрежи.

Според Врбица, Антиќ пати за медиумско внимание, а неговото однесување во македонската кошаркарска репрезентација е причината поради која популарниот Врба се повлече од националниот тим, каде беше и капитен и еден од најпризнатите играчи на Македонија во светот.

- Поради лагите на Антиќ и неговото однесување во репрезентацијата решив да си заминам од таму. Сите во федерацијата добро знаат дека Антиќ во повеќе наврати лажеше во име на играчите и се обидуваше да не изманипулира. Тој сега се обидува да ме испровоцира во пресрет на мечот од АБА Лигата со Солнок и наместо да се насочам кон тој меч и да се посветам заедно со моите играчи, јас морам да мислам на неговите навреди кон мене и моето семејство. Македонија мора да ја знае вистината“, изјави Стефанов.

Врба откри дека лично тој е заслужен што Антиќ добил шанса во репрезентацијата пред ЕП во 2009 година. Според него, во МКФ го толерирале однесувањето на Антиќ, но тоа кај него не поминува, иако до сега се воздржувал и ќутел со цел да не ја оптоварува јавноста со приватни работи.

- Се гледа дека Перо заборави кој го врати во репрезентацијата. Ќе го потсетам кој тогаш го врати во репрезентација кога со бокс го удри Аврамовски. Тогаш јас и Илија Мерџановски како мали деца го молевме селекторот Јовица Арсиќ да пројде преку тоа и да го остави во националниот тим. А,тој истот Антиќ летово се дрзна да ме фотографира како седам во ложа на средба на Македонија и Италија, каде што бев на покана на мојот сегашен клуб. Па уште и да лаже и да пишува дека јас некому сум му се улизувал. Тој ме знае како добар човек, па затоа решил да ме провоцира. Но, се зезнал, зашто со тоа само ме мотивира.

Врбица исто така додаде: Тој наоѓаше изговори за да не тренира со репрезентацијата поради тоа што чорапите биле исфарбани за време на перењето - ова не смее да биде изговор за неговото однесување. Па тој не знае ни што значи да се биде капитен“, дополни Стефановски.

- Перо пати да биде во фокусот на јавноста и централна вест во медиумите. Но, многу го боли што никогаш нема да биде најдобар играч во Македонија. Работите се знаат, Петар Наумоски па сите други. И во вселенска НБА да заигра Антиќ, џабе ќе му биде. И тоа очигледно го боли“, заврши Стефанов и потоа реши да се посвети на прашањата околу МЗТ Скопје.

- Немам многу време, но не сакам тоа да ми алиби. Треба да ставиме ред на тоа со што располагаме. Приоритет ми е под итно да се подобри атмосферата во клубот, бидејќи тоа е мој заштитен знак. Свесен сум дека промената на играчите летово претставуваше голем шок, станува збор за кошаркари кои можеа да играат и на повисоко ниво. Ги нема Гечевски и Чековски, но не со намера. Во Европа има тенденција за подмладување, која МЗТ реши да ја прифати“. Сега планира да ја подобрам атмосферата и мотивацијата во клубот, да видиме до каде е работата со враќањето на Дамјан Стојановски, нешто кое во моментов мене ми е приоритет, како и што почестото играње на нашите, македонски млади играчи, како Николовски и Младеновски, рече Врва и додаде дека се гледаме во сабота во салата Јане Сандрански.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...