МЗТ тим со најмногу тројки во АБА

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром во првите четири натпревари сезонава во АБА лигата шутна 96 пати од зад линијата за три поени, а погоди 32 тројки. Со тоа, македонскиот шампион е тим со најмногу шутнати и погодени тројки во лигата. Процентот од 33,3 отсто реализација на тројките го става МЗТ на шесто место.

Интересно е што статистички гледано, за аеродромци подобро е и победуваат кога погодуваат во рамките на нормалното, а не премногу или премалку. Во поразите од Мега Визура и Будуќност, „штрковите“ имаа сосема различни шутерски изданија и тоа не им помогна да победат. Со Мега погодија дури 16 тројки од 41 обид, а со Будуќност само една тројка од осум обиди. Марко Симоновски по експлозијата во првото коло кога даде девет тројки, потоа не продолжи во ист ритам, шутот не го служи како што посакува, па сега падна на трето место според бројот на погодени тројки.

Бројките на средбите со Задар и Солнок играно на свој терен во „Јане Сандански“, се далеку понормални. Со Задар шест тројки од 21 обид, а со Солнок девет тројки од 26 обиди.

Неконстантноста во реализацијата на тројките можеби ќе се смени со новиот тренер Врбица Стефанов, кој најави измени во напаѓачкиот дел од тактиката. Со враќањето на повредениот Ѓорѓи Цинцадзе, кој е еден од најдобрите асистенти во АБА, тимот ќе има една опција плус во нападот.

Како тим, МЗТ е лидер во АБА во една негативна статистика категорија, а тоа се примените блокади. Над играчите на МЗТ Скопје се направени блокади како против ниту еден друг тим во првите четири кола. Над Иван Маринковиќ се залепени четири „банани“, но тој не е најблокираниот играч во лигата. Пред него е Борис Дало од Партизан.

Сепак, резултатите на МЗТ најмногу зависеа од одбраната. Добрата дефанзива носеше победи, а кога примаше многу поени, тимот губеше. Борбеноста во одбрана и контролата на скокот, се клучни во играта на МЗТ. Кога овие два услови се исполнети, резултатот доаѓа. Следен тест за „металците“ е гостувањето кај Крка, чиј тренер е нашиот селектор Александар Џикиќ. Крка ги доби првите три меча, но загуби во минатото коло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...