„Галата-Мек Кејлеб“, јок бурда

Ако им се верува на информациите кои ги презентира кошаркарскиот веб-портал „Евробаскет“, тогаш мала е веројатноста дека Лестер Бо Мек Кејлеб ќе се врати во Турција. И тоа не како играч на Фенербахче Улкер каде настапуваше во претходните две сезони или, пак, во Мерсин, каде ја почна европската кариера. Туку, во Галатасарај, клуб кој има големи амбиции, но се чини дека има и премалку евра или долари на својата сметка да го издржи тоа „билдање“ на играчки ростер за настапи во Евролигата.

Вестите од Босфорот, нималку оптимистички, не само за Американецот со македонски пасош туку воопшто, велат дека во Галатасарај се подготвува играчки „бунт“. Односно дека пола од тимот, се разбира оние кои доаѓаат надвор од Турција, испратиле „последна опомена“ пред да го реализираат. Односно, најдоцна до 1 ноември, да ги добијат сите заостанати примања, кои и не се така мали ако се земе предвид за кои играчи станува збор.

Ги предводи веројатно најдобриот во ова друштво, Порториканецот Карлос Аројо, плус Нејтан Џаваи, потоа Мартинас Поциус и Владимир Мицов, кои ова лето дојдоа во турскиот гигант. Но, има и домашни играчи како Ендер Арслан, Фуркан Алдемир, кои исто така ги чекаат своите чесно заработени пари.

Сите овие играчи имаа посебна клаузула во договорите која им овозможува да станат „слободни агенти“ доколку во рок од еден месец не ги добијат своите плати загарантирани со договорите.

Ако сето ова се покаже точно, тогаш јасно е дека Мек Кејлеб тешко ќе „влезе“ во оваа комбинација, особено што во тимот има и друг проблем кој го направи уште еден Американец, Нолан Смит.

Довчерашниот играч на Цедевита имаше една неразбирлива“реакција“ кога при една замена го фрли пешкирот кон тренерот Ергин Атаман. И покрај тоа што се извини јавно, сè појасно е дека за него нема место во тимот, а и медиумите најавуваат дека замена за Смит би можел да биде еден поранешен играч на „Галата“, Џамонт Гордон.

Или многу поевтина варијанта од онаа со „Летечкиот Бо“, кој својот интерес, барем во овој момент, би можел да го пронајде во некој од руските тимови, кои се платежно моќни да ги „поднесат“ неговите милионски побарувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...