„Коњаниците“ сакаат да ја покорат НБА!

Кливленд кавалирс со доведувањето на Леброн Џејмс и Кевин Лав, преку ноќ се претвори од просечен НБА тим во главен фаворит за титулата во 69. сезона од најсилната кошаркарска лига на светот која почнува доцна вечерва. Со одлуката за враќање во тимот во кој ја почна кариерата, Џејмс изненади многумина. Кога пред четири години одлучи да го напушти Кливленд, и да се пресели во Мајами со кој имаше четири финалиња по ред (освои две титули), Леброн го навлече гневот на фановите во неговата сојузна држава Охајо, но сега повторно тој е „Кралот Џејмс“ и повторно сите во родниот крај го обожаваат најдобриот кошаркар на светот.

Но, Леброн не е единствената принова во Кливленд. На тимот му се приклучи и ол-старот Кевин Лав, кој, конечно, ќе почувствува како е да се игра плеј-оф, и тоа најверојатно самата завршница. Двете засилувања заедно со староседелецот Кајри Ирвинг кој во финалето на Светското првенство во Шпанија покажа за каков квалитетен играч станува збор, формираат трио на Кавалирс од кое ќе се плашат сите.

Во минатата сезона Кливленд имаше само 33 победи, па го смени и тренерот. Управата ризикуваше со доведување на Дејвид Блат, човекот кој никогаш не водел НБА клуб, но имаше големи успеси во Европа, и знае како е да се освојуваат значајни трофеи.

Според аналитичарите, најсериозна закана по доминацијата на Кавалирс на Истокот ќе биде Чикаго булс кој ги донесе шпанските ѕвезди Пау Гасол и Никола Миротиќ, а досегашниот лидер Мајами хит е во втор план.

Фокусот на македонската јавност е насочен кон „јастребите“ од Атланта за кои настапува Перо Антиќ. Својата втора, можеби и последна сезона во НБА (договорот му истекува во јуни), Перо ја стартува утревечер во Торонто на гостување кај Репторс. Знаејќи дека во овој канадски град има многу нашинци, на трибините во Торонто сигурно дека Антиќ ќе има поддршка. Амбициите на тимот се прво да се пласира во плеј-офот, а потоа да се обиде да ја искористи слабата конкуреција.

На Западот, конкуренцијата е многу посилна. Актуелниот шампион Сан Антонио спарс вечерва го пречекува тексашкиот ривал Далас маверикс и треба да покаже дали има сила за нова доминација во лигата каква што покажа во плеј-офот од минатата сезона. Традицијата е против „мамузите“. Тие никогаш не освоиле два шампионски прстени по ред. Го имаат истиот состав од лани, но за да го повторат успехот, на ветеранското трио ќе им треба Каваи Леонард повторно да игра на нивото од финалето на плејофот.

Оклахома Сити тандер е фаворит на младите Американци, но Кевин Дурант е повреден, а тоа на првиот период ќе значи 30-тина поени помалку за тимот и тешка задача за Расел Вестбрук. ЛА Клиперс сака да направи чекор понапред во однос на лани, истото важи и за Голден стејт и Мемфис. Интересен ќе биде Портланд кој сега ги има Демиен Лилард и Ламаркус Олдриџ поискусни за уште една сезона, а поддршката од Никола Батум и Весли Метјуз не е за потценување. Хјустон во Двајт Хауард и Џејмс Харден има двајца елитни кошаркари, но резултатите досега изостануваа. Доведени се Тревор Ариза и Џејсон Тери наместо Џереми Лин, па останува да се види како ќе функционира сето тоа. Во минатата сезона „ракетите“ примаа 103 поени по натпревар, и јасно е оти ако сакаат успех, мора да ја подобрат одбраната.

Лос Анџелес лејкерс направи многу измени во играчкиот кадар и стручниот штаб, но таму се ќе се врти околу Коби Брајант, кој веќе има 36 години. Мегаѕвездата ја пропушти речиси целата претходна сезона поради две различни повреди, а малер за Лејкерс е и повредата на Стив Неш кој веројатно ја завршува кариерата. „Црната мамба“ ако остане здрав и игра како што се очекува од него, ќе го надмине Мајкл Џордан на вечната листа на стрелци. Најголем проблем за тимот на тренерот Бајрон Скот е немањето многу опции на центарската позиција.

Големи турбуленции претрпе и Минесота која остана без својот лидер Кевин Лав, но ги донесе последните двајца кошаркари кои беа први пикови на драфтот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...