Диксон и Стојановски за посилен МЗТ

Американскиот бек Дион Диксон е пред ставање потпис со МЗТ Скопје Аеродром, а истото важи и за нашиот репрезентативец Дамјан Стојановски. На излезна врата е Ѓорѓи Цинцадзе, кој е најскапиот играч во составот, но не прикажува партии какви што се очекуваа од него, а и повредите го спречуваа да дава максимум.

Сагата околу (не)останувањето на Дамјан Стојановски во МЗТ се чини дека е при крај, и тој сепак ќе продолжи да го носи сино-белиот дрес. Во клубот никогаш не криеја дека посакуваат Дамјан да остане во јатото на „штрковите“, но разни проблеми се испречуваа, и Стојановски остана без ангажман иако веќе се ближи ноември. За него интерес имаше и кај други македонски екипи, но желбата на Дамјан беше да игра на високо ниво на меѓународна сцена. Откако не најде соодветен трансфер во странство, му остана опцијата да игра во АБА лигата. Дамјан Стојановски во минатата сезона се бореше со повреда на дланката, и имаше просек од 9,6 поени и три скока по меч. Неговиот квалитет е неспорен и тимот ќе биде далеку посилен со еден таков играч во составот.

Диксон, чие целосно име е Дионте Двејн, во декември ќе наполни 25 години, висок е 191 сантиметар, тежок 88 килограми, а во МЗТ доаѓа од либанскиот клуб Хоменетмен од Бејрут. Пред еден и пол месец Диксон го продолжи договорот со клубот од Бејрут, но понудата за играње во АБА лигата, веројатно, ќе биде пресудна за тој да им се придружи на „металците“ од Аеродром.

Оваа сезона во либанскиот шампионат уште не е почната, па тој не е во натпреварувачки ритам. Во минатата сезона Диксон беше на делба на првото место на листата на стрелци во лигата со просек од 23,9 поени по натпревар. На 17 меча во портокаловиот дрес на клубот на Ерменците од Либан, Диксон имаше и 5,5 асистенции, 4,5 скока и 1,6 украдени топки по меч, што укажува дека станува збор за сестран бек кој знае и атрактивно да забива. Минатата сезона ја мина во Ајдахо стампид, екипа од НБДЛ лигата во САД. Погодувал 27,8 отсто од обидите за тројка, за двојка има 55 проценти реализација, а слободни фрлања погодувал со успешност од 76,6 проценти.

Во професионалната кариера, во сезоната 2012/2013 настапувал уште за АЕК Ларнака каде имал просек од 11,4 поени, и освои титула во кипарското првенство. Претходно, Диксон има играно за Универзитетот Синсинати во НЦАА лигата. За четири сезони во колеџ кошарката, одигра 137 меча со просек од 9,3 поени, 2,8 скока и 1,6 асистенции по меч. Роден е во Чикаго каде играл за средношколски тим.

Експлозивноста на Диксон би можела добро да му дојде на младиот состав на МЗТ на кој брзината треба да му биде главен адут.

Грузиецот Цинцадзе е искусен играч кој е одличен асистент, но делува бавно и губи доста топки, а против Крка беше целосно надигран од противничките бекови. Изјавата на тренерот Врбица Стефанов дека тие што се незадоволни, може да си одат, најверојатно се однесуваше на Цинцадзе. Неофицијалните информации говорат дека тој не е среќен во Скопје уште од првото доаѓање во Македонија, а дополнителен проблем е што си замина Змаго Сагадин, човекот на чие барање Цинцадзе дојде во МЗТ. Сагадин планираше играта на тимот да се врти околу Цинцадзе и тој да биде лидер на екипата, па кога тој се повреди, екипата имаше проблем, па загуби средба и од домашното првенство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...