Цинцадзе раскинува, Дамјан размислува

Ѓорѓи Цинцадзе од денеска веќе нема да биде член на МЗТ Скопје Аеродром бидејќи се очекува да го потпише раскинувањето на договорот откако тоа во текот на вчерашниот ден веќе го направи менаџерот на грузискиот репрезентативен бек. Цинцадзе не ги прикажуваше очекуваните игри од него, а и самиот бил незадоволен од престојот во Скопје, па клубот и кошаркарот решија да се разделат. Последен меч на Цинцадзе во дресот на МЗТ беше гостувањето кај Крка кога не постигна кош, а имаше шест асистенции.

Затоа, пак, во следните две недели на проба ќе биде Американецот Дион Диксон, кој синоќа допатува во македонската престолнина. Диксон денеска почнува со лесни тренинзи и ќе му бидат направени задолжителните лекарски прегледи. Ако сè оди според планот, тој ќе биде во составот на „штрковите“ на неделниот меч со Цедевита во „Јане Сандански“. Новиот играч на МЗТ доби рок од две недели да ги убеди управата и стручниот штаб дека е квалитетен и само така ќе му биде понуден договор за до крајот на сезоната.

Најголема мистерија засега е дали Дамјан Стојановски повторно ќе игра за аеродромскиот клуб. Репрезентативецот уште тактизира и се ценка со „металците“, но според најавите, дефинитивниот одговор треба да го даде денеска или утре. Ако реши да каже да, тогаш и Дамјан ќе може да биде на листата на играчи за дуелот со Цедевита в недела. МЗТ има желба да го привлече кошаркарот кој во претходните две сезони настапуваше за македонскиот првак, но висината на платата и менаџерската агенција беа главни пречки поради кои и кон крајот на октомври уште нема конечна разврска на оваа „сапунска опера“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...