Ждрепката за ЕП на 8 декември

Македонската репрезентација своите противници за Евробаскетот 2015 ќе ги дознае на 8 декември за кога е закажана ждрепката во Дизниленд во Париз. Тогаш ќе знаеме и каде нашите кошаркари ќе ги играат натпреварите од првата фаза. Првата рунда од ЕП 2015 ќе се игра во дури четири земји (Германија, Франција, Хрватска и Летонија), а завршницата е во градот Лил во Франција. Загреб е најблиската варијанта, Рига е најдалечна, а опции се уште Берлин и Монпелје.

„Црвено-жолтите“ се во четвртиот шешир, што значи дека за да ја минат групата ќе мора да бидат подобри од барем една селекција која е подобро рангирана.

ФИБА Европа одлучи извлекувањето за изгледот на групите на ЕП да се случи во една од најпознатите забавни атракции во Европа, во европскиот Дизниленд, со почеток во 16 часот. Ждрепката за претходното ЕП во Словенија се одржа под земја, во Постоинска јама, па и Французите сакаа да организираат уникатна ждрепка за паметење.

Македонија откако успешно ги мина квалификациите против Белгија, Белорусија и Данска, ќе биде во една од четирите групи со по шест тима во првата фаза, на Евробаскетот кој ќе се игра од 5 до 20 септември. Првенството ќе биде многу значајно и поради тоа што финалистите одат директно на Олимпските игри во Рио 2016 година, а тимовите пласирани од трето до шесто место ќе играат квалификации за олимпискиот турнир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...