Докузовски: Ние поискусни, тие побројни!

„Сигурно е дека ова не е натпревар како оние другите, ’обичните’. Но, двата бода против МЗТ Скопје вредат исто како да се освоени против некој друг противник, иако имаат свое, посебно значење, како на пример, за оној меѓусебен престиж. Но, нема потреба да бидеме еуфорични. Знаеме со кого играме, против кого играме и пред каква публика играме.

Знаеме и за кого играме, затоа во овој меч пресуден момент може да има оној вистински пристап кон обврските“- вели Марин Докузовски на нецели 24 часа пред првиот вистински испит за овој „нов“ Работнички. Дуелот со најголемиот конкурент во историјата на македонската клупска кошарка, во кој, како по стариот обичај, фаворити нема.

И Докузовски смета дека нема потреба да се фаворизира ниту еден од двата ривали, без оглед на тоа што ова лето се случија драстични промени, пред сè во играчкиот кадар, но и стручниот.

Работнички го врати Докузовски, а по промената на Сагадин, МЗТ Скопје се одлучи на клупата да го донесе својот легендарен плејмејкер Врбица Стефанов.

И оттука ќе биде уште поинтересно во овие 40 минути да се види „реакцијата“ на двете клупи на кои ќе седат „учителот“ (Докузовски) и „ученикот“ (Стефанов), и тоа за првпат во животот.

Поискусниот вели дека секоја од екипите си има свои предности...

„Ако воопшто може да се говори за некои предности, сметам дека можеби МЗТ Скопје има нешто подолга клупа од нашата, барем во овој момент кога се игра дербито, што е особено важно во вакви мечеви. Од друга страна, ние сме некако поискусни, иако пократки во ротацијата. Оние што ќе играат, а ќе играат сите, со исклучок на младиот Поповски-Турањанин, знаат како треба да се постават во текот на играта.

Реков и во една претходна пригода дека наш хендикеп можеби ќе биде што не сме во идеална натпреварувачка форма. Ни недостасуваат вистински натпревари. Сепак, МЗТ Скопје е влезен во еден ритам среда-сабота, имаат ’во нозете’ повеќе квалитетни натпревари, што не смее да се занемари, напротив... Како и да е, очекувам овој натпревар да мине во една фер и коректна атмосфера затоа што овој натпревар е репер за најдобар, најквалитетен, највозбудлив во нашата земја. Натпревар за кој долго се говори и по неговото завршување, искрено се надевам по многу добри работи“- дополнува Докузовски пред дербито.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...