Службена победа за МЗТ, Работнички без бод за поразената екипа?

Вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром синоќа во „Градски парк“ не го дочека својот крај и победникот ќе се решава по административен пат. Според важечките пропозиции, поради самоволно напуштање на теренот и одбивање да го продолжи натпреварот тимот на Работнички службено ќе загуби, ќе остане без бодот кој се доделува на поразената екипа, а како „најцрно“ сценарио за нив е нивна преселба во лига од најнизок степен на натпреварување.

Од таборот на најтрофејниот македонски клуб и домаќин на синоќешниот дуел вината за прекинот ја префрлаат кон судиите и како што велат, МЗТ требал да победи по секоја цена.

Од друга страна, раководството на македонскиот шампион МЗТ Скопје истакнува дека „аеродромци“ со ништо не придонеле за прекинот и како што велат, сакале да се доигра натпреварот и на теренот да се одлучи победникот.

Натпреварот Работнички - МЗТ Скопје Аеродром синоќа беше прекинат на 13 минути пред крајот при резултат 51:35. Судиите по неколку претходни опомени побараа да се испразни трибината со домашните навивачи поради често плукање и фрлање тврди предмети на теренот. Работнички не сакаше да го доигра мечот без поддршката од своите навивачи и одлучи да не се враќа на теренот и покрај повикот на главниот судија Марјан Мицевски, по што беше отсвирен крај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...