Случајот „КК Работнички“ вратен на повторно разгледување кај комесарот

Арбитражната комисија (АК) при Македонската кошаркарска федерација (МКФ), и официјално го врати случајот „КК Работнички„ на повторно разгледување и одлучување на комесарот за натпреварување, Бобан Јосифовски.

По дводневна заседавање, АК констатирана бројни пропусти на комесарот Јосифовски при донесувањето на одлуката со која Работнички е суспендиран од Првата лига, а следната сезона треба да настапува во најнизок ранг, односно Третата лига.

Воедно АК од комесарот Јосифовски достави долга низа на предлози според кои треба да постапи, како би донел конечна одлука.

Со оваа одлука на АК, екипата на Работнички и натаму останува дел од Првата лига, се до конечна (нова) одлука на комесарот Јосифовски од кој се очекува веќе утре да донесе нова одлука.

Целосното образложение на одлуката на АК можете да го погледнете на следниот линк.

Одлуката на комесарот отфрлена како нецелосна и нејасна

Жалбата на КК Работнички е усвоена од Арбитражната комисија, одлуката на комесарот за натпреварување Бобан Јосифовски се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување на првостепениот орган, а тоа е комесарот. Претседателот на Арбитражната комисија, Владимир Андреевски, и членовите Марија Спиреска, Владимир Огњановски, Кире Ставрев и Борко Талевски сметаат дека имало многу пропусти при изрекување на казните на комесарот.

„Одлуката е нејасна, нецелосна, не содржи доволно причини и факти со кои може со сигурност да се утврди дека одлуката која ја донел комесарот произлегува од содржината на доказите и од тие причини истата е неподобна за испитување. Комесарот на прва лига мажи не ги извел сите докази и не ги утврдил сите факти потребни за донесување правилна и прописна одлука во овој предмет. Комесарот бил должен да обрне внимание при донесување на ваква одлука со оглед не станува збор за најтешка казна која е предвидена во пропозициите за натпреварување. Бил должен јасно и недвосмислено да ги утврди сите факти, да донесе добро образложена, исцрпна, јасна и прецизна одлука која произлегува од содржината на доказите. Комесарот воопшто не извршил анализа на доказите ниту дал образложение за битните факти и за доказите од кои истите произлегуваат. Истиот бил должен да изврши прецизна анализа на сите докази кои се наоѓаат во предметот, да прибави дополнителни докази, како и да ги утврди сите клучни факти, и врз основа на така утврдените факти да ги примени материјалните прописи на МКФ и да донесе прописна и правилна одлука. Од содржината на одлуката на комесарот не може да се разбере ниту со сигурност да се утврди од кои докази произлегуваат наведените факти, и кој факт од кој доказ го утврдил. Од содржината на одлуката не може со сигурност да се испита и утврди колку време траел прекинот на мечот и каква одлука била донесена по итно одржаниот состанок со претставникот на МВР бидејќи образложението на комесарот е во контрадикторност со содржината на изјавата на КК Работнички дадена писмено на 6 ноември каде се вели дека прекинот траел подолго време, со тв снимките, како и со изјавата на првиот судија дадена на 7 ноември која му била доставена на комесарот, која изјава е јасна, прецизна, со добро хронолошко наведени факти и многу прецизни податоци кои комесарот воопшто не ги испитал, ниту ги анализирал при донесување на одлуката. Комесарот пред донесување на одлуката требал да му наложи на делегатот да прибави изјави и од другите судии заради утврдување точна фактичка состојба, како и од службените лица и членови на клубовите и овластениот претставник на МВР, или истиот да ги прибави во постапката која ја водел при носењето на обжалената одлука“ - стои во објаснувањето на Арбитражата.

ЗОШТО НЕМА МЕРКИ ПРОТИВ ЛИЦАТА НАВЕДЕНИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ?

„Не може со сигурност да се утврди кои се службени лица на клубовите со кои официјалните лица, прв судија и делегат се должни да контактираат за време на натпреварот и за време на прекин на истиот. За Арбитражната комисија е неприфатливо вакво нејасно и скудно образложение на одлука за многу сериозна ситуација во која е изречена казната. Ако се изрекува најтешка казна, мора да се спроведе најпрецизна и најтемелна постапка во која ќе се прибават и изведат сите докази врз база на кои ќе се утврди целосна и точна фактичка состојба“ - додаваат од второстепената комисија чии одлуки се конечни.

Комесарот не ја анализирал и не ја зел предвид ниту испитал и проверил изјавата на првиот судија ниту истата ја ценел поединечно и во целина со другите докази особено имајќи предвид дека во истата има многу битни факти и околности кои судијата ги наведува прецизно и јасно, а кои воопшто не се земени предвид.

Комесарот не презел мерки против лицата кои се наведени во изјавата на судијата согласно одредбите на Пропозициите за натпреварување и согласно одредбите на Дисциплинскиот правилник на МКФ, доколку овие наводи се точни.

УПАТСТВА ШТО ДА ЗЕМЕ КОМЕСАРОТ В ПРЕДВИД

При повторното одлучување, Арбитражата бара од комесарот да постапи последните упатства:

- Во рок од 24 часа во писмена форма да му бидат доставени писмени изјави од сите судии, делегатот, капитените на двете екипи, од најмалку по четворица играчи на двете екипи, службените претставници на екипите, тренерите, помошниците тренери и особено од тренерот на КК Работнички, Марин Докузовски, претседателот Горан Геровски и помошниот тренер Србиноски, кои се спомнуваат во делегатскиот извештај како лица со кои се комуницирало за цело времетраење на мечот и за време на прекинот.

- Кому се обратиле судиите и делегатот за екипите да се вратат на терен за да се доигра мечот?

- Дали тренерите и службените лица ги информирале своите играчи за повикот да се вратат на терен да го доиграат натпреварот?

- Дали играчите, посебно капитените биле лично повикани да се вратат на терен и ако биле, од кого?

- Кој ги информирал судиите дека КК Работнички нема да го продолжи мечот и што точно им било кажано на судиите?

- Во присуство на службени претставници на двата клуба и тројцата судии да биде прегледана тв снимката за да се утврди точното време на прекин на истиот и прецизно да се наведе во образложението на комесарот. Прецизно да се наведат ингеренциите на сите лица и правата и обврските кои истите ги имаат за одлуката да биде јасна и да може да се испита. Комесарот е должен предвид да ги земе сите олеснителни и отежителни околности.

Арбитражната комисија ги наведе и пропустите на делегатот: прифатил неуредно заверена пријава за натпревар од КК Работнички, неговиот извештај е нејасен и нецелосен, и нема образложение кое прилега на извештај од прва лига, ниту на сериозноста на меч каков што е дербито.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...