Работнички може да биде спасен само со преседан

Денеска е таканаречениот „Ден Д“ за кошаркарскиот клуб Работнички и неговиот статус како прволигаш. Комесарот за натпреварување, Бобан Јосифовски, за денеска закажа состанок на Здружението и ќе лобира кај сите прволигаши да се потпишат дека се согласуваат Работнички да остане прволигаш, иако правно, тоа не е можно. Само таков развој на настаните може да го остави најтрофејниот клуб во елитното друштво. Ако нема консензус, тогаш Јосифовски ќе си поднесе оставка.

„Работнички во моментов не е прволигаш туку неговиот статус лебди, до донесувањето на одлука. Немаме правен лек. Мудрите луѓе од Арбитражната комисија само не внесоа во еден лавиринт, наместо да ни кажат што да правиме. Работава е како поговорката сакам кажам не знам речам. Јас ќе бев најсреќен ако тие мудри луѓе донесеа одлука со која Работнички останува прволигаш, а да не се прекрши ниту еден пропис на федерацијата. Многу се некоректни и ми даваат домашна задача за 20 дена, а не за 24 часа. Ќе предложам денеска да се одржи седница на Здружението на прволигаши, и со целиот авторитет ќе се обидам да ги замолам, во интерес на кошарката, да се потпишат дека се согласуваат Работнички да остане прволигаш. Ако не биде едногласно, јас ќе ја напуштам функцијата бидејќи не сакам прва лига без Работнички и дербијата кои ги носи тој тим. Јас нема да бидам тој што ќе го испрати Работнички во трета лига. Таму има играчки легенди кои не сакам да останат на улица“ - рече Јосифовски, кој на нападите дека е политички или поинаков душман на клубот се бранеше дека тренирал во тој тим и живее во Дебар Маало, па секогаш го почитувал.

„За разлика од луѓето од Арбитража, јас бев во сала и го гледав натпреварот. Не можев да донесам поинаква одлука од таа што ја донесов. По жалбата, Арбитражата беше должна да одлучи за најдоцна 48 часа, но не го сторија тоа, а и на состанокот не бев повикан, иако пракса е да присуствува и комесарот. Одлуката ја добив дури вчера наутро, 30 часа по состанокот. Гледам по медиумите се пишува дека Работнички е прволигаш, но јас прашувам каде е одлуката за тоа? Арбитражата не донесе никаква одлука, туку реши јас повторно да решавам. Ќе ги честев ако дадеа одлука која е правна и легална“ - додаде комесарот.

ЗОШТО МКФ НЕ СВИКА СОБРАНИЕ ЗА МЕНУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ ОД ПРОПОЗИЦИИТЕ?

Комесарот Јосифовски упати и многу „отровни стрели“ кон претседателот на МКФ, Даниел Димевски, и од него побара да си оди бидејќи го загубил кредибилитетот. Јосифовски наброја неколку случаи во кои му биле поставувани сопки од раководството на федерацијата, а смета и дека тие не помогнале во решавање на проблемот.

„Ако сакаа да помогнат, можеа да свикаат дописно собрание преку кое евентуално би се сменил Членот од пропозициите според кој екипата која нема да се појави на терен по повик од првиот судија, ќе биде преселена во најнизок ранг. Претседателот на состанокот на здружението на кој новинарите беа замолени да си одат, зборуваше 2-3 часа, и почна да ги убедува сите да донесат одлука. Си има акти во федерацијата, нема план Б“ - објаснува Јосифовски кој рече дека прес-конференцијата не ја одржал во просториите на федерацијата бидејќи нема место, треба да бара дозвола, а може и новинарите ќе биле избркани од таму како на состанокот на здружението.

КАЗНИТЕ ЗА ПОЕДИНЦИТЕ ВО РАЦЕТЕ НА ДИСЦИПЛИНСКАТА КОМИСИЈА

Јосифовски се обидувал да ги убеди челниците на Работнички да ја вратат екипата на терен бидејќи со одбивањето прават голема штета.

„Им реков дека тоа е најлошиот избор. Сега знам дека се каат. На претседателот Горан Геровски му реков дали ќе прифати да му платам 4.000 денари и да го плукам еден и пол час. Што се судиите, стока, па некој така да се однесува со нив? Јас изјавите ќе ги доставам до Дисциплинската комисија на МКФ и тие ќе одлучуваат за евентуалните виновници. Во записникот нема кој е службен претставник на домашниот клуб, што за мене е несфатливо, но во делегатскиот извештај се спомнуваат три лица“ - вели Јосифовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...