Прв дуел на македонските и српските „металци“

МЗТ Скопје Аеродром е пред императив да ги освои двата бода и со триумф над Металац да ја прекине серијата од три убедливи порази по ред во АБА лигата. Досега на домашен терен македонскиот првак ги добиваше средбите на кои важеше како благ фаворит на хартија, а неговите навивачи посакуваат истото да се случи и вечерва против новакот во јадранското друштво. По една победа сезонава на клупата на МЗТ има екс тренерите Змаго Сагадин и Врбица Стефанов, и сега редот му дојде на Бобан Митев. Митев како главен тренер дебитираше на гостувањето кај Партизан и немаше можност да тргне со победа, но вечерва му се укажува добра шанса против тим кој не е квалитетен како Партизан, но може да биде опасен.

Металац по петте порази во првите пет кола, во претходните два меча извојува две победи, на гости кај Унион Олимпија, што беше сензација, и на домашното деби со Игокеа. Тимот на тренерот Владимир Ѓокиќ посакува хет-трик.

„По двете победи, расположението во тимот е многу подобро. Цела недела се подготвуваме за гостувањето кај МЗТ. Ги знаеме квалитетите на противникот, подготвивме одбрана и начин на игра. Оптимисти сме, но не зависи сè од нас бидејќи и тие се квалитетен тим. МЗТ е институција и сериозен клуб кој неколку години успешно игра во АБА лигата. Имаат и армија навивачи, но јас се надевам оти нема да подлегнеме на атмосферата“ - вели Ѓокиќ, кој во играчката кариера има играно во Македонија, и тоа во дресот на Балкан Стил во сезоната 2002/2003.

Во Металац има и двајца поранешни членови на МЗТ, Црногорецот Борис Бакиќ, и плејмејкерот Никола Оташевиќ, кој ако во февруари не се повредеше во завршницата на Купот на Македонија, можеби и сезонава ќе беше член на аеродромскиот клуб. Оташевиќ е познат како одличен дефанзивец, па организаторите на играта на МЗТ нема да имаат лесна задача против него.

Металац е најнеефикасна екипа во лигата, но и МЗТ не е многу подобар во тој елемент, дава само еден поен повеќе во просек. Екипата од Ваљево е добра во украдени топки, што значи дека тука би можела да се бие главната битка. На МЗТ му останува да не губи многу топки и да го контролира скокот. Металац не е тим со добар скок и тоа му одговара на македонскиот претставник во јадранската лига.

Влезот во спортскиот центар „Јане Сандански“ е бесплатен, па иако мечот се игра во невообичаен термин во првиот работен ден од неделата, има услови на трибините да се собере голем број на публика која ќе му даде „ветар во грб“ на МЗТ и ќе му помогне да освои два важни бода во битката за бегство од дното на табелата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...