Втора победа за ЛА Лејкерс

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја прекина серијата порази и на гостувањето кај Атланта ја постигна втората победа сезонава 114:109. Најпрецизен кај победникот беше Коби Брајант со 28 поени, додека на натпреварот најефикасен беше Пол Милсап од Атланта со 29 поени.

Во екипата на ЛА Лејкерс се врати Ник Јанг, кој поради повреда ги пропушти првите десет натпревари, а ноќеска постигна 17 поени.

На другите натпревари победи на домашен терен постигнаа: Милвоки против Њујорк 117:113 и Јута против Оклахома Сити 98:81, додека Сакраменто загуби дома од Њу Орлеанс со 106:100.

Вечерва се играат 11 натпревари: Кливленд – Сан Антонио, Индијана – Шарлот, Орландо – ЛА Клиперс, Филаделфија – Бостон, Вашингтон – Далас, Бруклин – Милвоки, Детроит – Феникс, Торонто – Мемфис, Минесота – Њујорк, Денвер – Оклахома Сити и Хјустон – ЛА Лејкерс.

Пласман Источна конференција: Тороното 8-2 (победи-порази), Вашингтон 7-2, Чикаго 8-3, Кливленд 5-4,...

Пласман Западна Конференција: Мемфис 10-1, Хјустон 9-2, Голден Стејт 8-2, Портланд 8-3, Далас 8-3,....



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...