Кожув му нанесе нов пораз на шампионот МЗТ Скопје Аеродром

Лошата сезона на МЗТ Скопје Аеродром од АБА лигата, продолжува и со лош настап во домашниот кошаркарски шампионат. Екипата на Кожув му нанесе нов пораз на шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Во дуел од 6.коло на Првата лига, одигран вчера во Гевгелија, тимот на Кожув го победи МЗТ Скопје со 73:64.

Иако „аеродромци„ го добија првото полувреме (33:36), сепак во второто гевгелискиот клуб беше оној кој доминираше на теренот. Расположениот Филип Шепа одлично го разигруваше сите свои соиграчи, па покрај 11 поени средбата ја заврши и со 9 асистенции.

Милан Јанушевиќ со 17 постигнати поени беше најефикасен во победничката екипа, за која Владимир Ивеља постигна 12, а Владимир Брчков имаше учинок од 11 поени и 9 скокови.

За МЗТ Скопје ова беше вториот пораз во четвртиот одигран натпревар во домашното првенство, во кое Кожув ја оствари третата победа.

Потсетување, вчера се одигра и заостанатиот натпревар од 5.коло во кој Работнички како гостин ја совлада Струмица со 42 поени разлика, 96:54

Табела: Фени Индустри 10 бодови (6 натпревари), Куманово 9 (5), Карпош Соколи 9 (5), МЗТ Скопје А. 8 (5), Кожув 8 (5), Гоце Делчев 7 (6), Работнички 6 (4), Водњански лисици 6 (6) и Струмица 5 (4).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...