Пуповиќ разговарал со МЗТ, но...

Српскиот центар Миљан Пуповиќ призна дека откако го напушти Левски разговарал со претставници на МЗТ Скопје Аеродром, но ништо повеќе од тоа, и евентуалното постигнување договор е далеку. Во МЗТ бараат добар висок играч и скокач, а проблемот е што сакаат и плејмејкер, а во АБА лигата имаат право да пријават само уште еден играч. Иако тренерот Бобан Митев рече дека би преферирал екстра плеј кој би дал стабилност и би ги разиграл шутерите, се чини дека во моментов „металците“ се фокусирани на ангажирање центар.

Сезоната веќе е во полн ек, и не е лесно да се најдат добри играчи во овој период. Тие што се слободни, не играле активно пола година, па и да се купи некој таков, ќе му треба време за да влезе во ритам.

Во јавноста се шпекулира со неколку имиња, искусни кошаркари пред сè од просторите на поранешна Југославија. На МЗТ му треба квалитетен центар бидејќи слабиот дефанзивен скок и малкуте поени од рекетот се јавуваат како чест проблем во мечевите во АБА и со посилните македонски екипи. Клубот нема да брза со носење на нов играч бидејќи со него ќе се затвори листата и до крајот на сезоната во Јадранската лига веќе нема да може да пријават уште некого.

Пуповиќ играше за аеродромскиот тим пред четири сезони и за бугарските медиуми рече дека има понуди од три клуба, а веќе имал првични разговори со МЗТ и Игокеа. Договорот со Левски не му е раскинат и Пуповиќ не ја отфрла можноста да се врати во Софија ако состојбите во клубот се подобрат. Главна пречка за брз трансфер на Пуповиќ во МЗТ, Игокеа или кој било друг клуб од АБА лигата е правилото дека „хоризонталниот“ преоден рок (од еден во друг клуб од АБА) трае само во периодот од 21 до 23 декември. Дотогаш има уште речиси еден месец, а потребата од висок играч е прилично итна.

Останува „спорна“ и позицијата плејмејкер кај македонскиот првак. Александар Цветковиќ ако постојано игра како во саботата против Игокеа, тимот нема да има голем проблем, но и тој знае да биде неконстантен, а другата главна опција Дион Диксон има отворен договор и неговата судбина е неизвесна, па евентуалното заминување ќе биде проблем и ќе треба да се бараа решение со Бобан Стајиќ или Сеад Шеховиќ на кого тоа не му е природна позиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...