Македонец со трансфер во Мексико

Американското крило со македонски пасош Кенеди Винстон потпиша договор со мексиканскиот клуб Алконес УВ Халапа, тим кој во моментов е четврти во првенството со биланс од девет победи и пет порази. Винстон има 30 години, пред неколку години доби и македонски кошаркарски пасош со што се стекна со право да игра и за нашиот национален тим, но селекторите немаа голема потреба од него, па ги повикуваа Лестер Мек Кејлеб и Ричард Хендрикс.

Последен клуб на Винстон му беше францускиот Антиб. На 11 меча во француската лига во минатата сезона, имаше просек од 12,3 поени, 3,7 скока и 3,2 асистенции по натпревар. Тој се обиде да добие договор во либанската лига, но во клубот Амчит остана само во подготвителниот период, а беше на проба и во италијанскиот Реџо Емилија.

Во сезоната 2012/2013, Винстон играше за француски Гравлен Данкерк со кој го освои Купот на Франција и беше прв во регуларниот дел на сезоната. Во Еврочелинџ купот, стигнаа до полуфиналето. Пред тоа ги носеше дресовите и на Теленет Остенде, Гранароло, Панатинаикос, Паниониос, Реал Мадрид, Гран Канарија, Турк Телеком и Болоња.

Станува збор за играч кој е добар скокач и солиден шутер, но не ги оправда очекувањата играјќи за европски клубови, веројатно затоа што играше слаба одбрана, нешто на што за инсистира на оваа страна од Атлантикот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...