Месина доби шанса да води НБА тим

Еторе Месина стана првиот европски тренер кој водел екипа во натпревар од регуларната сезона во НБА лигата. Здравствените проблеми на Грег Попович беа причина што тој не можеше да седи на клупата на Сан Антонио на дуелот со Индијана, па кормилото го презеде помошникот Месина, кој летово дојде во стручниот штаб на Спарс. Технички, Италијанецот не е првиот тренер роден во Европа кој водел НБА тим бидејќи Кики Вандевеге е роден во Германија и привремено го водеше Њу Џерси во 2009/2010. Но, 55-годишниот Месина е целосен продукт на европската култура и кошарка, и има големо искуство и освоени трофеи на Стариот континент. Со Киндер Болоња освои две титули европски првак, а тогаш, пред 13 години за тимот играше Емануел Џинобили, актуелен член на Спарс. Џинобили со 28 поени, од кои 21 во второто полувреме, бешем творец на триуфмот.

„Му реков на Ману дека ми должи една победа во кариерата. Тој беше неверојатен, го имаше насекаде. Не само со кошаркарско знаење, неговите желба и труд се бесценети“ - изјави Месина.

Торонто дојде до својата шест победа по ред, а овој пат жртва на „рептилите“ беше Атланта на Перо Антиќ, која падна по петминутно продолжение. Македонецот одигра 17 минути во кои имаше 5 поени и три скока.

Од завчерашните средби, за истакнување се и деветтата победа по ред на Портланд, скорот на Мемфис порасна на 13-2, а Филаделфија со 0-15 го изедначи неславниот клупски рекорд. Синоќа во НБА не се играа натпревари бидејќи во САД се славеше Денот на благодарноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...