ПЛЕЈМЕЈКЕРОТ НА МЗТ СО ИНТЕРВЈУ ЗА ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА АБА-ЛИГАТА

Цветковиќ: Трансферот во МЗТ беше вистински потег

Иако има само 21 година, Александар Цветковиќ ја игра својата петта сезона во АБА-лигата и во интервју за веб-страницата на лигата, плејмејкерот на МЗТ Скопје Аеродром зборува за својот сегашен клуб, одлуката да ја напушти Црвена звезда, и неговите идни планови.

Со само 17 години дебитираше во АБА-лигата, и постојано напредува како играч.

„Ја имав таа среќа и привилегија со свои 17 години да заиграм во ваква квалитетна лига. На почетокот беше тешко да се изборам и да играм со таквите добри и искусни играчи, а од друга страна секој ден сè повеќе и повеќе напредував“, вели Цветковиќ.

Кошаркарот што го носи дресот на МЗТ со број 55, кариерата ја почна во младинските категории на Црвена звезда телеком, потоа заигра и за првиот тим од каде дојде во редовите на македонскиот првак.

„Сон на секое дете е да игра во голем клуб како што е Црвена звезда. Беа тоа седум години кои многу придонесоа во развојот на мојата професионална кариера“, смета популарниот Цвеле.

Кога се одлучи да замине од Звезда и да му се приклучи на МЗТ Скопје, не знаеше во каков правец ќе му се движи кариерата, но сега во скопскиот клуб доби важна улога во тимот и од денешна перспектива, смета оти го направил вистинскиот избор.

„Мислам дека донесов вистинска одлука со доаѓањето во МЗТ Скопје. Исто така мислам дека улогата која ја добив во тимот уште повеќе присонесе во мојот напредок. Во МЗТ ми се допаѓа тоа што сме како една голема фамилија. Управата, играчите, навивачите, канцеларијата, сите заедно ги делиме и добрите и лошите моменти. Заминувањето од Белград не ми падна толку тешко затоа што овде сум одлично примен и се чувствувам како дома“ - објаснува Цветковиќ.

Тој не сака да прави долгорочни планови за иднината.

„Не би сакал да правам долгорочни планови. Сите мои планови засега се врзани само со МЗТ Скопје Аеродром“, завршува Цветковиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...